Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading:  Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот Алиу: Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ >  Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот Алиу: Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството
ЗДРАВЈЕ

 Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот Алиу: Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството

Објавено July 16, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир Алиу денес извести дека на новата алатка за пријавување неправилности, досега има 90 пријави.

„Во рамките на новата логика што ја градиме во здравството, логика на транспарентност и отчетност – веќе активно функционира алатката за пријавување неправилности преку која граѓаните може директно да пријават проблеми во системот. Досега регистрирани се 90 пријави, најмногу од Скопје, а најчести се поплаките за доцнење резултати, доцнење на прегледи и ангажмани на доктори во јавниот и во приватниот сектор. Но, најважно е што овие пријави и претставки не остануваат во фиока – секоја се разгледува од посебна работна група со цел да има институционална реакција. Ова е јасната политичка порака: времето кога здравствените проблеми се игнорираа заврши. Сега граѓаните имаат глас – и тој глас ќе се слуша“, ветува Алиу.

Тој кажа дека досега работните групи обработиле околу 60 од пристигнатите пријави и во нив нема пријава дека на пациенти му било барано мито. За две пријави оцениле дека навистина има индикации за понатамошно постапување.

„Тоа значи дека со тие информации ние ќе седнеме заедно со институциите кои што се поврзани со тие информации да ги објасниме процесите и зошто тоа се случува. Тие не се индикации поврзани со финансиска злоупотреба туку повеќе се индикации поврзани со недоволно оптимизирани здравствеи услуги во тие институции или долго чекање на граѓаните да добијат услуги во тие институции или поточно злоупотреба на тој ред што граѓаните сакаат да го има. Доаѓате навреме а добивате услуга после два-три часа“, рече министерот Алиу.

Тој денес најави дека во болниците во Штип, Тетово и Тичево ќе се инвестираат 205 милиони евра со кои очекува значително подобрување на здравствениот систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром
Следна Статија Сведочење пред американскиот Конгрес за злоупотребите на УСАИД за време на шарената револуција во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира деја минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини…

March 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија

После пет недели лекување во Клиничкиот Центар во Србија денеска петмина повредени од пожарот во кочанската дискотека во подобрена состојба…

April 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри: „Дарувањето на органи е највисока форма на човекољубие и хуманост“

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција…

February 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти

Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?