Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма
МАКЕДОНИЈА

ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма

Објавено October 9, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Шест лица добија кривични пријави од МВР поради здружено манипулирање со документација која му овозможила на едно од лицата, сопственик на фирма без основа да се стекне со сума над 13 милиони денари.

Имено, пет лица кои биле вработени во Министерството за финансии се здружиле и на правно лице од Струмица му овозможиле со лажна банкарска гаранција да организира игри на среќа и да остварува ќар.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против нив, како и против управителот на правното лице за делата злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и несовесно работење во службата.- Одделот за криминалистичка полиција во координација со Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Против Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител во правното лице, поради постоење основано на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Против Н.М.П.(40), О.С.С.(49), О.Н.(54), сите од Скопје, вработени во Министерството за финансии, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.Т.(63) и М.С.(45), двете од Скопје, вработени во Министерство за финансии, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик – соопштуваат од МВР.

Од таму појаснуваат дека во периодот од 13.07.2022 до 06.08.2024, пријавениот Д.Ј., како управител на правното лице, изготвил лажна исправа – Банкарска гаранција, наводно издадена од една банка. После тоа, банкарската гаранција ја приложил како вистинска во Министерството за финансии, во врска со добиената лиценца за приредување на игри на среќа, во која е предвидено дека приредувачот на игри на среќа за обезбедување на исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа, плаќање на јавните давачки утврдени со закон, како и за надоместоците и посебните давачки е должен да депонира депозит или да обезбеди банкарска гаранција и во рок од 15 дена од приемот на лиценцата, во истиот рок да го достави доказот за депонираниот депозит или банкарската гаранција до Министерството за финансии.

– Пријавената Н.М.П., во својство на советник за системот на осигурување, и покрај тоа што знаела дека барањето не е доставена во законски предвидениот рок, без да ја архивира со приемен печат и без да изврши контрола на соодветноста на банкарската гаранција, ја депонирала во предметот како вистинска. О.С.С., раководител на Одделение за игри на среќа и за забавните игри, без да ја провери соодветноста на доставената банкарска гаранција ја проследила без приемен печат до Л.Т., која во својство на раководител на Сектор за финансиски систем во Сектор за финансиски систем и потоа М.С. во својство на Државен советник за прашања од финансискиот систем, со пропуштање на должен надзор, го одобриле проследувањето на лажната банкарска гаранција до О.Н., државен советник за јавна внатрешна финансиска контрола, која била должна да изврши проверка на предметите кои се доставуваат во Сектор кабинет за потпис од Министерот за финансии, Заменик министерот за финансии и Државниот секретар, а кои се во надлежност на Секторот за финансиски систем, во делот на издавање на лиценците за приредување на игрите на среќа во обложувалница, автомат клуб, казино и томбола од затворен тип – се појаснува во соопштението. 

Со наведените дејствија пријавените лица предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32.000 евра и му овозможиле на правниот субјект да ја користи добиената лиценца и да се стекне со противправна имотна корист од 13.489.952 денари. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите“ а водевте вазални политики, нема повеќе вработувања по етнички клуч
Следна Статија Мицкоски оствари средба со Зеленски: Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Да се навратиме на вредностите на Свети Климент и да се сплотиме околу неговите заложби

Ако сакаме македонското општество да биде праведно и солидарно, а Македонија да ја направиме пристојно место за живеење мора да…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува

Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

45.000 евра казна и затворање на погонот на „Екопор“ поради излевањето на хемикалии во Пинтија

Пожарникари и инспектори на Град Скопје излегоа на терен по еколошкиот инцидент со излевањето на хемикалии од приватната компанија „Екопор“…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?