Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите“ а водевте вазални политики, нема повеќе вработувања по етнички клуч
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите“ а водевте вазални политики, нема повеќе вработувања по етнички клуч
ПОЛИТИКА

Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите“ а водевте вазални политики, нема повеќе вработувања по етнички клуч

Објавено October 9, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Во вечерашното издание на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше, Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, и изрази силна критика кон опозицијата во однос на критериумите при вработувањата во јавните институции.

,,Креаторот на концептот ‘едно општество за сите’ е загубен. Кога точно ве напушти?, рече Стојаноска потсетувајќи го Бетиќи на неисполнетите ветувања на СДС.

Стојаноска тврди дека СДС не може да се фали само со етничката припадност на своите членови, додека истовремено создаваат лажни наративи и илузии за единството во општеството. ,,Што толку се китите во гради? Какво ‘едно општество’ воведовте, кога всушност водевте вазални политики?”, рече Стојаноска.

“Можеби целите или намерите биле сосема други, но сведоци сме дека балансерот бил злоупотребуван. Единствениот критериум во институциите беше етничката припадност, што не само што заглави системот, туку и создаде неквалитет. Што толку ве навредува? Дали вашата горда Македонија не ви значи ништо или сакате да ги вртите тезите?”, праша Стојаноска, нагласувајќи дека моќта треба да се врати во рацете на секој граѓанин, а не во партиските структури.

Стојаноска посочи дека во никоја друга земја не е нормално етничката припадност да биде прв критериум за вработување и дека квалитетот треба да биде примарен.

Не е пречка етничката припадност или јазикот, туку проблем е оној кој не знае да ве услужи,” рече таа, потенцирајќи дека одлуката на Уставниот суд треба да се почитува, но дека потребата за реформи останува критична.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски оствари средба со Борјана Кришто: Понудив помош и изразив искрено сочувство за жртвите и настраданите од невремето во БиХ
Следна Статија ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Зајкова: Да се направи сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица  од 1991 година до денес

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова, бара целосен ветинг и детална проверка на избраните…

March 23, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе одлучат кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат

Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ги повикувам луѓето да излезат во…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Целата македонска јавност го виде вистинското лице на Апасиев, напиша Мицевски

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?