Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања

Објавено February 4, 2025 18:39
Сподели
Сподели

Доколку сакате колоноскопија со анестезија дојдете после 14 часот на приватно, доколку не, може на државно, се жалат пациентите од дополнителните трошоци за некои од скрининг процедурите кои се клучни за превенција од онколошки заболувања.

Сепак, и да сакаме да ги препратиме пациентите на превентивни прегледи, освен во Скопје, во останатите помали клиники и амбуланти, за нивно извршување опрема нема, не функционира или пак нема кадар, вели првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на Светскиот ден за борба против ракот, додавајќи дека наскоро матичните лекари ќе ги препраќаат пациентите на скрининг процедури и за тоа ќе треба да исполнат квоти.

И кога имаме можност за скрининзи, многу од препратените пациенти не доаѓаат, што значи дека и едукацијата за потребата од овие скрининзи како превентива од рак мора да се развива, вели Јовица Андоновски од Министерството за здравство.

Се уште се разгледува финансиската можност да се набави втор пет скенер за да се зголеми бројот на извршените пет скенови од две на три илјади годишно, вели Клековски. Од Министерството за здравство пак, известуваат дека оваа година е планирано проширување на програмата за скрининг на рак на црн дроб, како и превентивни прегледи за рак на простатата.

Светската здравствена организација со алармантни податоци – секој петти човек заболува од рак а во следните 25 години, бројот на заболени од рак ќе се зголеми за 77%, што ја акцентира клучноста на превенцијата од онколошки заболувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница
Следна Статија За петок повторно е најавен бојкот на маркетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Срцева: Од овој понеделник започнуваме со отворени денови за директна комуникација со пациентите

Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од…

December 15, 2024
ЗДРАВЈЕ

Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница,најавени ригорозни инспекции

Новиот закон за пушење не е креиран ад-хок, туку во консултации со сите засегнати страни – низ инклузивен процес, кажа…

May 30, 2026
ЗДРАВЈЕ

КОЗМЕТИКАТА Е најопасна на пазарот на ЕУ

Најголемиот број на небезбедни производи на пазарот на Европската Унија се однесува на козметиката, покажува најновиот извештај на Европската комисија…

April 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод. -Попладнево разговарав со Директорот…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?