Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За три пати зголемен бројот на заболени од грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > За три пати зголемен бројот на заболени од грип
ЗДРАВЈЕ

За три пати зголемен бројот на заболени од грип

Објавено January 16, 2025 14:40
Сподели
Сподели

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со првата недела од јануари. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.

За првпат оваа сезона, пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно надминат е прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15 до 64 години, 179 се деца на возраст од пет до 14 години, а 144 до четири години. Деведесет и седум се лица на возраст над 65 години.

Најголем е бројот на заболени во Скопје (305) по што следуваат Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци со 62, а во останатите градови, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.

– Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за сезонска активност за првпат оваа сезона. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 проценти за првпат оваа сезона. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип, заклучуваат од ИЈЗ.

Оттаму потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со втората недела од годинава, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков
Следна Статија Примале хонорар а живееле во странство – директор на ЈКП „Гази Баба-2007“ обвинет за проневера

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Мемеди: Починатото седуммесечно бебе било во добра здравствена состојба

Директорот на Детска клиника, Реџеп Мемеди во изјава за новинари денеска изјави дека од нивните специјалисти и од специјалистите на…

December 21, 2024
ЗДРАВЈЕ

Се разгледуваат три опции за нов клинички центар во Скопје, вели министерот Алиу

Владата и Министерството за здравство разгледуваат три можни опции за новиот клинички центар, кој е окарактеризиран како еден од клучните…

November 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нов апарат за магнетна резонанца во поликлиниката Идадија во Скопје

Нов апарат за магнетна резонанца денеска беше промовиран во поликлиниката Идадија која е дел од Здравствениот дом Скопје. Aпаратот е…

October 3, 2024
ЗДРАВЈЕ

Нови 65 случаи на грип во државава

Пријавени се 65 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, од 25 ноември до…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?