Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

Објавено March 3, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.

Во рамки на првиот ден предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.

По завршување на меѓувладината седница утре заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.

Премиерите Мицкоски и Орбан ги предводеа владините делегации на заедничката меѓувладина седница што се одржа во септември лани во Охрид, на која беше потврдено стратешкото сојузништво меѓу двете земји и реафирмирана силната унгарска поддршка за нашата евроинтеграција.

Унгарија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на Европската унија и нашите аспирации за полноправно членство. Унгарија не е само наш партнер на европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, истакна македонскиот премиер.

Унгарскиот премиер пак кажа дека голема грешка е што земјава не е членка на ЕУ и понуди да посредува во решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, што Софија потоа експресно го одби.

Нашиот став е јасен, зачленувањето на Западен Балкан е важно за неговата стабилност, но и за стабилноста на Унгарија, па и на самата ЕУ. Застојот во процесот на проширување, како во случајов со Македонија, не е фер. Подготвени сме да разговараме за овие прашања и да работиме на тој план, рече тогаш премиерот на Унгарија како претседавач со ЕУ.

Во Охрид стана збор и за стратешките проекти како транспортниот и енергетскиот коридор север – југ кој што го поврзува Балканот со Унгарија и е од огромно значење за енергетската сигурност и економскиот раст на целиот регион. Беше истакнато дека нашата соработка со Унгарија ќе биде клучна за успешна имплементација на овие иницијативи.

Мицкоски и Орбан на маргините на НАТО самитот во Вашингтон договорија воспоставување специјална економска соработка и заем за земјава од милијарда евра, од кои 500 милиони евра се искористија за отплаќање на еврообврзницата од 2018 година. Остатотокот од средствата – 250 милиони наменети се за поддршка за стопанството и исто толку за инфраструктурни проекти во општините.

Премиерот Виктор Орбан во 2013 година во Охрид од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов беше одликуван со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години
Следна Статија Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за номинацијата на Лутник: Како Влада имаме пријатели во најмоќната економија во светот, тоа ќе значи позитива и за македонската економија

Господинот Хауард Лутник беше овде во Скопје во Владата каде разговаравме за многу теми. Имаме лично пријателство и очекувам само…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Секоја година долгот на „МЖ транспорт“ кон хрватска компанија се зголемува за еден милион евра

Судскиот спор за меѓународно признат долг на „Железници на РСМ – транспорт“ АД Скопје кон „Хрватски железници – карго“ е…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме и ќе испратиме порака дека времето на Македонија доаѓа

Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме заедно и ќе испратиме порака времето на Македонија доаѓа, објави премиерот Мицкоски на…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европратеници поднесоа 313 амандмани на текстот за извештајот за Македонија

На Предлог-извештајот на известувачот на Комитетот на надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, европратениците доставија вкупно…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?