Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секоја година долгот на „МЖ транспорт“ кон хрватска компанија се зголемува за еден милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секоја година долгот на „МЖ транспорт“ кон хрватска компанија се зголемува за еден милион евра
МАКЕДОНИЈА

Секоја година долгот на „МЖ транспорт“ кон хрватска компанија се зголемува за еден милион евра

Објавено September 29, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Судскиот спор за меѓународно признат долг на „Железници на РСМ – транспорт“ АД Скопје кон „Хрватски железници – карго“ е веќе започнат пишува МКД.мк. Нејасно е со кои аргументи Државното правобранителство ќе ги застапува интересите на државата, имајќи предвид дека долгот е официјално признат во сите јавно достапни бизнис-планови на сите досегашни директори на „Железници транспорт“.

По распадот на Југославија и порамнувањето на сметките и долговите на железничките претпријатија утврдено е дека МЖ Транспорт имаат долг од околу 49 милиони евра кон дваесетина европски железнички претпријатија. Со посредство на Меѓународната железничка унија (УИЦ) постигнат е некаков договор за порамнување, но останаа отворени сметките со Хрватска, Унгарија и Бугарија. Со Унгарија и Бугарија на билатерално ниво работата е средена, останаа отворени 3,8 милиони евра долг на Македонски железници кон „Хрватски железници карго“. Побарувањата се дел од транспортните приходи од железнички и товарен превоз од 1991 до 1995 меѓу Хрватска и Македонија.

И покрај тоа што побарувачот – компанијата ЦИОС од Загреб (компанија која ги откупила сите побарувања од „Хрватски железници карго“) секоја година упатува официјално барање за преговори со цел да не се зголемува долгот и да престане течењето на каматата, до денес ниту една македонска влада не презела чекори за решавање на проблемот.

Повеќе на МКД.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан и Фицо со остри критики кон ЕУ: Брисел стана воен проект
Следна Статија Ѓорѓиевски вети дека за 72 часа Скопје ќе блесне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната затвор затоа што има скршени четири ребра

Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци. Ваквата одлука доаѓа откако претходно судот го…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хрватскиот претседател Милановиќ утре во посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник

Обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата и токму обвинителството кажува кој ќе биде опфатен и…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев

Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице – изјави премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за нападот врз…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?