Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН: Ахмети е кум на бизнисите на Мијалков и Вучиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН: Ахмети е кум на бизнисите на Мијалков и Вучиќ
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Ахмети е кум на бизнисите на Мијалков и Вучиќ

Објавено September 28, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Коалицијата ВЛЕН излезе со нови обвиненија кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврдејќи дека неговото семејство посредувало во сомнителни финансиски трансакции поврзани со Сашо Мијалков и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Доказите покажуваат јасна линија – Мијалков, поранешен шеф на ДБК, на 24 октомври 2024 година и продал акции на компанијата АС Сенјак на семејството на Али Ахмети. Истите акции, неполна година подоцна, на 17 септември 2025 година, семејството на Ахмети му ги продало на белградската Алта банка, институција директно поврзана со режимот на Вучиќ“, соопшти ВЛЕН.

Од коалицијата обвинија дека ова претставува „финансиски лавиринт тежок повеќе од 20 милиони евра“, во кој ДУИ и семејството на Ахмети играат улога на посредници меѓу Мијалков и српскиот финансиски капитал.

Сега е јасно – семејството на Али Ахмети директно, а ДУИ индиректно, станаа партнери на Мијалков и Вучиќ. Со тоа се внесува српското влијание во Македонија и преку банкарскиот систем. Ахмети и неговото семејство ја ставаат државата и Албанците во финансиска и политичка зависност од Белград,“ велат од ВЛЕН.

Според нив, молкот на Ахмети и ДУИ е доказ дека зад патриотската реторика стојат „криминал, корупција, лични интереси и врски со антиалбански структури во регионот“.

„ДУИ не е повеќе партија што ги брани интересите на Албанците, туку приватна компанија на Али Ахмети за криминал и семејно богатење. Маските паднаа – започна времето на вистината,“ се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Центар натепана лекарка од Итна медицинска помош
Следна Статија 7 намирници кои ќе ви го подобрат расположението дури и во најтемните есенски денови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лефков распали по Филипче: Распродаваш национални интереси за пари

СДС и Венко Филипче немаат намера со програма да се наметнат, ниту со проекти да ја добијат поддршката на граѓаните.…

July 21, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува

Премиерот сè уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството…

December 28, 2025
ПОЛИТИКА

Средба на Мицкоски со претставници на Вреди вечерва во Владата

Вечерва во Владата се одржува средба на премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен), објавува…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?