Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево
ПОЛИТИКА

Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево

Објавено September 15, 2025 11:50
Сподели
Сподели

ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи“, велат од „Влен.

ДУИ денеска се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека токму оваа партија е главниот виновник за еколошката катастрофа која ја живее Скопје и цела Северна Македонија.

Бујар Османи е во тежок зорт кога почна да си ги мести и своите сопартијци, во овој случај неговиот довчерашен колега Насер Нуредини.
ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на објектот во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје.

Потписот на дозволата е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок другар на Бујар Османи. ДУИ 20 години раководеше со екологијата во државата. За тие две децении создадоа депонија во центарот на Тетово, депонија во центарот на Кичево, депонија веднаш до Струга, како и десетици депонии околу Скопје. Наместо решенија, ни оставија отровна животна средина.

ДУИ управува и со јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје. Директорот е нивен кадар. Ако денес Скопје се гуши во чад и отрови, тоа е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалност на институциите под нивна контрола.

Додека граѓаните живееја во загаден воздух и отровна почва, функционерите на ДУИ купуваа трговски центри, фотоволтаични централи и нафтени бизниси. ДУИ нема право да зборува за екологија. Тие се симбол на партизација, корупција и урбан хаос. Граѓаните на 19 октомври ќе кажат стоп на оваа политика и ќе изберат власт што ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе воведе ред во управувањето со отпадот.

На ДУИ треба да му се инсталира детектор за лаги без одлагање. Количеството на лаги кои го пласираат станува медицински проблем. Како е можно ДУИ да го обвинува Изет Меџити за дозвола потпишана и издадена во време кога министер е Насер Нуредини? Како е можно партијата која 20 години раководи со ресорот животна средина да го обвинува Изет Меџити, кој е министер само 1,5 година? Како е можно ДУИ да е толку отуѓена од реалноста за вака дрско да ги потценува граѓаните“, прашуваат од „Влен“ преку писменото соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Данела не се појави ниту на една од опожарените депонии
Следна Статија Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, четири години потоа само дупки и ѓубре

Ова е местото на кое што кандидатот на СДС, Заев и Филипче – Стевчо Јакимовски, вети дека до 2025 година…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

Секои избори се можност да испратиме и политичка порака во која вие граѓаните ќе знаете што можеме да очекуваме во…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

Демократската унија за интеграција со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?