Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Објавено August 26, 2025 15:13
Сподели
Сподели

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, велат од ВЛЕН.

Од таму додаваат дека ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги и без трајна опрема која требаше да остане во државна сопственост.

Според ВЛЕН, тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства.

„Сѐ ова потсетува на времето кога Бујар Османи беше Министер за здравство и кога исто така доби негативен извештај од Државниот завод за ревизија – со забелешки за незаконски постапки и сомнителни исплати. И тогаш, наместо одговорност, судството го амнестираше. Некоја структура во државата очигледно го штити и негува Бујар Османи како свој миленик. Денес гледаме повторување на истиот шаблон, судството и обвинителството повторно молчат. Ако беше било кој друг граѓанин, ќе одговараше и за сообраќајна казна. Но за Бујар Османи, изгледа важат други правила. Очигледно е дека е под нечија заштита, а тоа значи само едно, дека е должен некаде, а тоа не се Албанците или граѓаните на Чаир“, се наведува во соопштението.

ВЛЕН јавно потсетува дека Јавното обвинителството има законска обврска да отвори случај по негативен извештај на Државниот завод за ревизија. Ако тоа не се направи, велат од ВЛЕН, ќе биде втор пат како институциите свесно го амнестираат Бујар Османи за исти сомнежи и злоупотреби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Њукасл со играч помалку се врати од 0:2, но тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул (ВИДЕО)
Следна Статија За неколку месеци паѓаат роаминг трошоците на Македонците кон членките на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Денеска лидерска средба: Филипче избега, Ахмети, Касами и Апасиев потврдија

Во Клубот на пратениците денеска, на иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се одржи лидерска средба…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

Советникот на Таравари со повик до членството: Народот ни го даде својот глас – да не ги разочараме, да не ја предадеме АА во туѓи прегратки

Членот на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, Сабри Азири, се…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Поддршка на американската дрвна индустрија: Президентски чекор за регулирање на увозот на дрвени производи

Претседателот Доналд Џ. Трамп презема мерки за заштита на домашната дрвна индустрија преку proclamation според Законот за проширување на трговијата

January 2, 2026
ПОЛИТИКА

На Мециновиќ му ја плеснаа вистината во фаца зошто не си поденесува оставка од пратеник

Амар Мециновиќ немаше одговор зошто не поднесе оставка од пратеничката функција откако се кадидираше за градоначачалник на Скопје. Тој во…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?