Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

Објавено October 2, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на сработеното од градоначалникот Виктор Паунов, а се осврна и што се може да се направи таму.

Честитки за сработеното до сега и да продолжи и понатаму со интензивна работа. Сметам дека треба да се размисли да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат не се женат и не се формираат многудетни семејства, рече Мицкоски.

Во оваа насока Мицкоски и со конкретен предлог:

Да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме се што можеме согласно ингеренциите“, вели Мицкоски.

Иако рече тој, ова се локални избори, тоа не значи дека има само локални прашања.

Овие избори имаат малку поголемо значење и испраќаме пораки и за државни теми бидејќи така допираме и до противникот. За прв пат наместо со промоција со црна кампања со ниски страсти, измислици, дефокус од реалноста. Мојот одговор е ако не го прават тоа, тогаш што ќе прават. Граѓаните видоа што направија за седум години, не само што ништо не направија, туку многу процеси и уназадија, а и ја ограбија државата, народот“, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97 проценти од нив добија само 1.000 денари
Следна Статија Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Анкета на ИПИС: Тони Коњановски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство во општина Битола

Од спроведената анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ за локалните избори, за случувањата во земјава…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Се апси менаџментот на гостиварскиот „Водовод“

Во тек е координирана акција на надлежните институции во врска со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар,…

July 20, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски од Новаци: Гласајте за бројот 9, бројот кој што ќе ја промени иднината на пелагонискиот регион

Задоволство е да се биде тука и да се гледаат реализирани проекти. Овие четири години градоначалникот направи многу. Од нив,…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Владата стабилно функционира, ДУИ да извлечат поука и да се реформираат

Владата веќе 14 месеци стабилно функционира, ДУИ со одредени трикови прават притисок за да бидат повторно на власт, изјави денеска…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?