Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити вети два нови булевари во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити вети два нови булевари во Чаир
ПОЛИТИКА

Меџити вети два нови булевари во Чаир

Објавено October 1, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир, кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката коалиција Вреди, Изет Меџити, денеска го претстави пред граѓаните еден од приоритетните проекти – изградба на нови булевари.

По завршувањето на булеварот Цветан Димов, во првата година од мандатот, доколку го добие, тој предвидува трансформација на улицата Мид’хат Фрашери (поранешна Македонско-Косовска бригада) во модерен булевар, со должина од 1.850 метри и профил од 25 метри, во тесно партнерство со Град Скопје.

– Оваа капитална инвестиција ќе донесе 4 модерни коловозни ленти за побрз и побезбеден сообраќај, патеки за велосипеди и пешаци, зелени површини кои ќе го подобрат квалитетот на живот и урбаната естетика – рече Меџити.

Според Меџити, овој булевар ќе биде важна артерија која ќе го поврзе Чаир со улицата Џон Кенеди, нудејќи им на студентите полесен пристап до универзитетите, како и зајакнување на врската помеѓу Центарот на Скопје, Чаир и Шуто Оризари.

Во следната фаза, проектот предвидува целосна трансформација на улицата Џон Кенеди во модерен булевар, со што ќе се изгради нов современ урбан прстен кој ќе го постави Чаир во центарот на инфраструктурниот развој на Скопје.

– Овој проект не е само асфалт и бетон. Тоа е нашата визија за еден поразвиен, побезбеден Чаир, поблиску до европските стандарди. Тоа е доказ дека кога Чаир се води со посветеност и визија, секое ветување се претвора во реалност – изјави Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голема победа на Ѓорческа против поранешната тенисерка број еден Плишкова
Следна Статија Годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил Пулс од казна“, прашува ВМРО-ДПМН

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избори

Парламентарното мнозинство е стабилно без разлика дали некој ќе излезе или влезе заради превирањата во коалицијата ВРЕДИ, вели спикерот на…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Членот на „Црвена младина“ на Левица, Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник

Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник. Тој е член на „Црвена младина“ на Левица и поранешен…

March 22, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче за реконструкцијата на Владата: Сè ќе биде статус кво, за граѓаните ќе нема бенефит

Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека најавената реконструкција на Владата е континуитет на процесот започнат пред две години и…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?