Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар
ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Објавено October 30, 2025 11:18
Сподели
Сподели

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен како плоштад на заедништвото, инспирацијата и животот. Проектот, кој го најави кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ, има за цел да создаде ново урбано и културно јадро што ќе ги поврзе луѓето и ќе ја врати гордоста на живеењето во Центар.

„Време е Центар да добие симбол кој ќе ги обедини сите. Го најавувам проектот Феникс – Плоштад на заедништвото! Нов, модерен и зелен простор што ќе биде симбол на новата надеж и иднината. Плоштад кој ќе ја раскаже приказната за Центар и центарци.“ – изјави Лабудовиќ.

Новиот плоштад е осмислен како современ јавен простор каде ќе се среќаваат културата, уметноста и секојдневниот живот. Тој ќе биде место каде луѓето ќе се собираат, ќе слушаат музика, ќе гледаат уметнички изложби, ќе се дружат и ќе го чувствуваат духот на заедништвото што отсекогаш ја красело оваа општина.

Проектот „Феникс“ ќе никне во склоп на новата општинска зграда која ќе биде пример за еколошка, енергетски ефикасна и современа архитектура. Просторот ќе опфати подземен паркинг, уметничка галерија, прв детски креативен центар и бројни јавни содржини наменети за граѓаните, со цел Центар повторно да стане вистинско место за живеење, создавање и уживање.

„Феникс нема да биде само нов плоштад – тој ќе биде симбол на препородот на Центар. Со него, градиме место каде што културата, уметноста и заедништвото ќе живеат секој ден. Центар повторно ќе дише, ќе биде жив, модерен и горд.“ – додаде Лабудовиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница
Следна Статија Меџити: НАИ се распушта по избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити и Вардар го претставија Мастер планот за Чаир, сеопфатна визија за модерна, функционална и урбано силно идентификувана општина

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Села: Без Бадентер во Уставен, не влегуваме во Владата

Зијадин Села, пратеник и лидер на едното крило на разделената Алијанса за Албанците, реагираше на последните изјави од челниците на…

May 4, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во подкастот „Политиканти“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во…

May 9, 2025
ПОЛИТИКА

Разговори за владината реконструкција: Секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните и отчетен за својата работа

По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа…

June 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?