Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница
ПОЛИТИКА

Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Објавено October 30, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што се обидуваше Стевче да протурка овде во Влае, кажа денеска Maрија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата „Аполо Инженеринг“ преку процес на приватизација дооформиле парцела во Влае, во склоп на тоа и улица, каде претходно Стевчо Јакимовски уцртал маркица за зграда.

Во решението за приватизација пишува дека „Аполо Инженеринг“ доставиле два геодетски елаборати во пропратната документација за приватизација. Точниот датум кога се доставени елаборатите не е наведeн, но може да се види дека се изработени по донесување на Деталниот урбанистички план (ДУП). Едниот е изработен кон крајот на 2016 година, а другиот во 2017. Во оној од 2016 е наведено дека парцелите за кои се бара приватизација се дел од градежна парцела предвидена во планот, додека пак во оној од 2017 година се другите катастарски парцели кои ја сочинуваат градежната парцела.

Една од парцелите за кои „Аполо Инженеринг“ побарале приватизација е дел од улицата Есперанто овде пред Кино Влае“.

За приватизацијата „Аполо Инженеринг“ како што посочи Митева, платила само 285 денари за метар квадратен или, како што рече, нешто повеќе од 3.500 евра затоа што добила намалување на цената за 35%.

„Неколку месеци по приватизацијата компанијата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски кој е сопственик на „Аполо Инженеринг“. Во купопродажниот договор наведено е дека имотот е продаден за цена од 2.950.000 денари со вклучен ДДВ.

ДУП-от за Влае иако беше укинат од Уставниот суд откако Стевче Јакимовски повторно дојде на местото градоначалник во 2021 година, тој го стави ДУП за Влае со две планирани висококатници повторно во процедура“.

Митева оценува дека Стевчо Јакимовски продолжува да ја турка бетонизацијата во Влае со сите сили. Затоа, како што нагласува, треба да се стави крај на ваквото делување, во недела на 2 ноември, со заокружување на бројот 9, за Сотир Лукровски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аеродромот во Скопје со најголем раст на патници во зимската сезона
Следна Статија Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека за две години владеење на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, држава се…

May 5, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски за предлогот на Филипче: Немам добиено никаков документ, ако добијам ќе дадеме наш инпут

Па да го видиме документот, јас тоа велам да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата

Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е…

December 15, 2024
ПОЛИТИКА

Апасиев излажа и дека власта го затворила Универзитетското радио

Aлександар Ристоски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) реагира на објавата на Димитар Апасиев дека власта го затворила Универзитетското радио…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?