Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот

Објавено March 23, 2026 15:56
Сподели
Сподели

Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка политика и да ги штити националните интереси, ги распродаваше кај ќе стигне, потпишуваше капитулантски и предавнички договори, само и само да остане ден повеќе на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Додека пак, Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува за своите криминали, се расфрла со лаги на прес-конференции. Ништо од тоа што зборува Костадиновска Стојчевска не е вистина, а во измислувањето и лажењето, СДС се докажани првенци.

Од друга страна ја потсетуваме Бисера Антоанета, дека глас не пушти дури шеташе на државен трошок и купуваше разни производи со службена картичка, додека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се ист јазик.

Така што потенцираме, ако некој го загрозува македонскиот јазик, тоа е токму СДС на чело со Филипче и Заев, и цела свита околу нив која свесно молчи и одработува за предавничките политики, само и само да останат во функционерските фотелји“, се вели во реакцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Eдна несреќа не оди сама: По поразот од Нотингем Тудор остана и без таткото
Следна Статија Клековски: Лекот „топирамат“ за лекување епилепсија е недостапен бидејќи „Белупо“ го прекина производството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Петровска: Резолуцијата во ОН ја гласавме во координација со САД, сите кои во периодов ќе го посетуваат Вашингтон ќе гласаат така – дали како партија ќе се извините на нов прес?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска од…

February 27, 2025
ПОЛИТИКА

Се распаѓа ли Европскиот Фронт?! Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата

Зијадин Села се огласи на Фејсбук профилот на својата партија по повод најновата црна листа на Америка, поздравувајќи ја одлуката…

December 10, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас

И Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност доставија до Јавното обвинителство тоа што имаа да достават. Да почекаме…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска пред седиштето на Јавното обвинителство изјави дека мандатот на новиот јавен обвинител Ненад…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?