Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, прошка од народот нема да има
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, прошка од народот нема да има
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, прошка од народот нема да има

Објавено June 28, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче:

„Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја.

Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа.

Но има работи кои македонската јавност нема ниту да му заборави, ниту да му ги прости.

Откако СДС, на чело со менторот на Филипче, Зоран Заев во чијашто влада беше и самиот Венко, распродаде се што е национално македонско и Македонија ја продаваа како невеста која богато ќе ја омажат, доцна им е за каење и за ископување на гревовите.

Задоцнети и бледи се ваквите обиди на СДС и Венко Филипче за нивните предавства, народот ќе ги памети како најголемите предавници во историјата на државата и истите ќе завршат во темните историски страници.

Сега Македонија има Влада која ги брани националните интереси и нема ни милиметар да се помести од позициите за одбрана на идентитетот, историјата, културата, јазикот.

На чело на државата сега е Влада која ги брани, зацврстува и ги провира националните идентитетски обележја.

Влада која работи во интерес на државата и граѓаните, која со напорен труд ја развива во сите пори на општественото живеење и која работи на нејзина евроинтеграција на достоинствен начин со заштитени национални обележја.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас во Пехчево: Се скарале, па ја фрлил низ прозорец
Следна Статија Анемија – тивок убиец на вашиот организам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за евроинтеграција, тоа јасно го кажа и Марта Кос

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата ја доведува во заблуда јавноста кога тврди дека измените на…

July 15, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ веќе 4 дена нема никакви прес-конференции, ниту пак соопштение испратено до јавноста. Да не говориме…

November 23, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: За хаосот со пензиите единствено виновна е владата на Христијан Мицкоски

Владата на Христијан Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите. Освен што ги излажа пензионерите, сега се обидува вината…

November 28, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски во Сарај: Монтажен паркинг кај локалитетот Матка, осветлување, реконструкција на главната улица

Сарај ќе добие монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на главната улица и уште многу други проекти, најави…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?