Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака

Објавено December 17, 2025 16:55
Сподели
Сподели

Тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака. Не е јасно како по којзнае кој пат некој од СДС ја пушта низ вода, да излетува со недоволно проверени информации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од редовите на СДСМ.

„Да го тргнеме настрана фактот дека јавните набавки се јавни и транспаренти и другиот факт дека Кузеска не го разбира ИТ светот, туку Кузеска обвинува за сомнителни тендери со фирма на која власта на СДС и ДУИ им делеле тендери и грантови од Фондот за иновации.

Така фирмата СИГМОИД која не постои две години, туку многу повеќе само го сменила името од ДОО во ДООЕЛ во 2019 година добила грант од ФИТР од над 1,4 милиони денари.

Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25 илјади денари.

Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 илјади денари на кој потоа склучувале анекси.

Потоа тендер од Агенција за пошти предводено од СДС и ДУИ во 2020 од над 120 илјади денари, од ТИРЗ во 2021 од 720 илјади денари, повторно Агенција за пошти во 2021, од Државен завод за ревизија во 2022 над 600 илјади денари, од Агенција за супервизија на осигурување во 2022, и така натаму се до пред паѓање од власт во 2024 кога со АЕК склучиле два тендери од над 2,3 милиони денари. Еден куп тендери во времето на СДС.

Воедно, очекувавме дека Кузеска ќе го пофали новото раководство составено од Заев, но очигледно и нема што да се пофали.

Нека не се секира Кузеска, одговорност има и ќе има, ама за сите криминали на Венко и Заев“. стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ
Следна Статија Љупчо Пецов-Ѓаволот им се предал на правосудните органи и наместо затворски добил куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ го лажеше народот иако знаеше дека уставните измени не се последното барање од Бугарија – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најлошата дипломатија што ја имала нашата држава беше на чело со Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ, кои освен…

April 19, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност, иако, за жал за СДСМ и ДУИ има. Тие и од оваа…

March 17, 2025
ПОЛИТИКА

Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошкиот масакар на Кожув

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари најостро реагираше на, како што го нарекоа, „невидено уништување на животната…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?