Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивен спин на опозициските медиуми против историскиот договор со Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивен спин на опозициските медиуми против историскиот договор со Британија
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивен спин на опозициските медиуми против историскиот договор со Британија

Објавено May 16, 2025 21:35
Сподели
Сподели

Потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историски чин од највисоко државно значење. Тоа е чин со кој Македонија се позиционира како сериозен, стабилен и вредносно определен партнер во евро-атлантската заедница, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со големо жалење констатираме дека истовремено со ова државничко достигнување, се појавија апсурдни и злонамерни дезинформации, според кои наводно овој договор содржи одредби за отворање на мигрантски кампови во Македонија.

Јавно и недвосмислено потврдуваме – такво нешто не постои.

Во документот нема ниту една одредба, најава или формулација што се однесува на отворање или организирање на каков било камп за мигранти на македонска територија. Текстот е јавно достапен и секој може да го прочита.

Дополнително, ниту еден сериозен медиум – домашен или меѓународен – кој известуваше од Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, не ја спомена оваа фабрикувана теза. Причината е едноставна – затоа што тоа не е вистина.

Не знаеме дали станува збор за свесен обид за нанесување штета, дали е нарачано од политичка партија, поединец или некоја друга структура, или, пак, произлегува од неинформираност и незнаење – но голем дел од медиумите денес излегоа со класична шпекулација, која, како по команда, почна да се шири со единствена цел: да се загрози ефектот од оваа одлична вест за нашата држава и нашите граѓани.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ децидно потврдува: било какви договори за мигранти или камп за мигранти не постојат и не се дел од овој документ со Обединетото Кралство.

Оваа „вест“ е лажна вест. И најголем дел од медиумите што ја презедоа тоа го направија спротивно на сите елементарни новинарски стандарди – хорски, со исти наслови и исти текстови, со што самите си ја открија не само несериозноста, туку и својата агенда.

Апелираме до јавноста да не подлегнува на такви деструктивни обиди, туку да биде спокојна и да се радува на добрата вест од овој договор со Велика Британија – договор кој е влог во безбедноста, стабилноста, економијата, и европската перспектива на нашата татковина.

А за оние кои имаат аргументирани критики – од идеолошка или друга природа – или се приврзаници на алтернативни сојузи кон Истокот – би било корисно прво да подготват аргументи, бидејќи лагите како оваа со мигрантите – брзо и болно ќе им изгорат.

Македонија оди напред. Партнерствата што ги градиме се капитал што ќе го браниме – со разум, со факти и со гордост“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влада на Обединетото Кралство со соопштение за одлуката за стратешко партнерство со Македонија
Следна Статија (ВИДЕО) Словенечки политичар се искачи на покривот на Собранието, се закани со самоубиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и…

October 19, 2024
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: „Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети е во паника. Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште четири нови кандидати за градоначалници

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште четири нови кандидати за градоначалници, ве вели во соопштението од СДСМ. Со одлука на…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Владата сопствените неуспеси ги прикрива со клевети против Албанците и ДУИ

За сè што не функционира во оваа држава, виновни се ДУИ и Албанците. За настаните од 28 Ноември, виновна е…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?