Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките
ПОЛИТИКА

Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките

Објавено October 19, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема.

Според Перински, посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, а не да одвојуваат средства за нешто коешто едноставно нема да има функција во годините што следат.

Во суштина тоа е строго опишано во Законот за локална смаоуправа во членот 11 кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот што во превод значи дека Законот сака да каже дека сите средства што општината ги колектира по било кој основ, ги распределува преку усвојување на одлуки и буџети на седница на Совет и треба да бидат исклучиво насочени за спроведување и реализација на основните законски надлежности на самата локална самоуправа. Во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини организации треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои што значи дека ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема, истакнува Перински.

Посочува и дека академиците од Македонската академија на науките и уметности, кои се од другите етникуми, јавно кажале дека пристапот е погрешен.

Несоодветно е да се генерираат проблеми таму каде што ги нема бидејќи имаме други реални проблеми што треба на дневна основа да ги решаваме и како централна, но и како локална власт, вели Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Според предвидувањата на Нострадамус и Баба Ванѓа, ќе имаме тешка 2025 година
Следна Статија Силен земјотрес во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Андреевски: Центар беше најубавото место за живеење, мора да се врати духот на општината

Горан Андреевски, кој јавноста го знае како кошаркарски тренер е носител на советничката листа во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. Тој…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?