Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Објавено August 25, 2025 15:07
Сподели
Сподели

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска најави почеток на теренска кампања под мотото „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Во периодот од 27 август до 3 септември, партијата ќе собира предлози и идеи од граѓаните за проекти кои ќе бидат вградени во програмите на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.

Сајкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги слуша потребите на народот и ги преточува во конкретни решенија:

„Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат претворени во проекти во програмите, а потоа и реализирани од позиција на власт,“ истакна тој.

Според најавата, во сите општини низ државата секојдневно од 17 до 21 часот ќе бидат поставени штандови на плоштадите и прометните места, каде граѓаните на специјални формулари ќе можат да достават свои идеи. Во истиот термин ќе бидат отворени и штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе биде овозможено и електронско доставување преку е-пошта: vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk.

Сите предлози ќе бидат разгледани од тим експерти, професори и личности со долгогодишно искуство кои ќе имаат задача да ги преточат во конкретни програми со финансиска рамка и рок на реализација.

„Очекуваме масовен одзив на граѓаните, со цел да изработиме што е можно појасни, подетални и содржајни програми, кои ќе произлезат директно од нивните потреби,“ порача Сајкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за акцијата на Финансиска полиција: Уапсени 7 лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари
Следна Статија (ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски објави видео: Ги поставивме темелите, доаѓа времето на Македонија!

Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше…

June 25, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Скопје се приоритетни три столба, враќање на хигиената, завршување на сите започнати проекти и консолидирање на претпријатијата

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир на Европскиот фронт

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат за градоначалник во…

July 21, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Со приемот на мигрантите Мицкоски сака да не претвори во црна точка на Балканот

Ако Владата и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема има никаков прием на мигранти, тогаш имаат две опции да го докажат тоа,…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?