Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот
ХРОНИКА

ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот

Објавено June 24, 2026 09:49
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ се простија од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина.

-Со длабока тага и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, претседател на Општинскиот Комитет Брвеница и градоначалник на општината.

Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.

Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.

Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби.

Ќе го паметиме како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти, упатува длабоки сочуство кон семејството на Јовица Илиевски, и ја споделува тагата заедно со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.

Вечен спомен!, напишаа од партијата.

Илиевски беше позната политичка фигура во оваа општина, каде што ја водеше локалната институција во последните години. Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца.

Неговата кариера беше поделена меѓу здравството, локалната политика и спортскиот менаџмент.

Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021–2025 година.

Претходно, во периодот 2013–2017 година беше член на Советот на Општина Брвеница.

Како голем вљубеник, беше активно вклучен во областа на спортот, беше поддржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот.

Од 2001 до 2013 година имаше учество во младите категории во рамките на ФФМ, а од 2013 до 2021 година беше член во младата репрезентација до 21 година (У21) во рамките на ФФМ.

Од средината на 2021 година беше член во А-репрезентацијата. Исто така, од 2016 година па сè дотогаш беше потпретседател на Фудбалскиот сојуз Тетово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Вартоломеј, еве што не треба никако да работите
Следна Статија Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект во Зелениково

Денеска од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за…

June 25, 2025
ХРОНИКА

Девојка паднала од балкон во Тетово, со тешки повреди е пренесена на лекување во Скопје

Девојка на возраст од околу 20 години вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител…

March 15, 2026
ХРОНИКА

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?