Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
ПОЛИТИКА

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата

Објавено June 24, 2026 10:34
Сподели
Сподели

– Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека интерпелацијата што Левица ја поднесе за него, а е на дневен ред на денешната собраниска седница,  е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата. Со неа, вели тој, Левица уште еднаш покажала дека, свесно или несвесно, станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ.

-Левица ја најави третата интерпелација против мене за помалку од две години. Како и претходните две и оваа повторно беше најавена преку режирана прес-конференција, повеќе со евтин политички настап отколку со суштински аргументи, напиша на својот фејсбук профил Тошковски по најавата на интерпелацијата од стана на  Левица.

Според министерот Тошковски, интерпелацијата е демократско право на опозицијата и, како што вели, тој тоа право целосно го почитува.

-Ниту сум бегал, ниту ќе бегам од расправа. Напротив, аргументите ќе ги соочам таму каде што треба, во Собранието, јавно, пред сите пратеници и пред граѓаните. Таму секој ќе има можност да каже што мисли, а одлуката нека ја донесат избраните претставници на народот, согласно сопствената совест и одговорност. Но, исто така, не можам да премолчам нешто што одамна им е јасно на граѓаните. Левица уште еднаш покажа дека, свесно или несвесно, станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ. Истите тие партии против кои со години градеа имиџ на алтернатива и ветуваа поинаква политика, денес практично ги бранат преку напади кон секој што се обидува да воведе ред, одговорност и функционирање на системот, пишуваше тогаш Тошковски.

Како што нагласи, лесно е од опозициска клупа да се пишуваат интерпелации и да се држат прес-конференции, но многу потешко е да се води институција, да се носи одговорност, да се донесуваат одлуки и да се штити безбедноста на граѓаните.

-Луѓе кои никогаш не раководеле со институција, не управувале со буџет и не понеле реална одговорност, денес држат лекции за тоа како се води Министерството за внатрешни работи. Вистината е дека Левица го достигна својот политички максимум без зад себе да остави ниту еден конкретен резултат, ниту една реализирана реформа, ниту едно решено прашање. А сега, кога граѓаните сè појасно го препознаваат нивното вистинско политичко лице и кога нивната поддршка почнува да паѓа, единственото што им останува е агресивна политичка конфронтација и создавање вештачки кризи, стоеше во објавата на Тошковски на социјалните мрежи.

Според него, оваа трета интерпелација не е израз на грижа за државата, туку евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот, корупцијата и долгогодишната неказнивост која ја практикуваа нивните денешни партнери, затоа што, како што истакна, кога системот конечно почнува да функционира, најмногу се вознемируваат токму оние што со години профитирале од неговото нефункционирање.

-Не се напаѓа оној што е неважен, се напаѓа оној што менува нешто. Јас ќе продолжам да работам, ќе продолжам да се борам со аргументи и со резултати. А конечниот суд, како и секогаш, ќе го дадат граѓаните, напиша Тошковски во однос на интерлепацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот
Следна Статија Oткако го шитнаа името, Зорица Заева во Фурка пеела песни од Антонис Ремос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Прва седница на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кадровски освежувања

Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажа својот вистински лик – надмен, без допир со…

June 12, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на вчерашната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?