Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови

Објавено December 25, 2025 11:36
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат директни сведоштва кои укажуваат на голема инвестиција на поранешниот премиер Зоран Заев во Дубаи, каде, според нив, тој гради висококатница од над 40 ката.

Од партијата наведуваат дека сведок на оваа инвестиција е Томе Аврамски, познаник и поранешен соработник на Заев, кој јавно изјавил дека лично бил во Дубаи и ја видел изградбата на зградата. Според неговото сведоштво, во Дубаи, покрај Заев, присутен бил и поранешниот министер за здравство, а сега лидер на СДСМ, Венко Филипче, со кого, како што тврди, Заев е бизнис партнер.

Аврамски во медиумско излагање изјавил дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи и дека лично бил во зградата каде што тие купиле недвижности. Тој наведува дека станува збор за инвестиции вредни милиони евра.

„Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“, изјавил Аврамски.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ова, како што велат, е доказ дека таканаречените „златни визи“ на Заев и Филипче се добиени врз основа на инвестиции во недвижности, што според нив претставува скандал од големи размери, додека СДСМ во Македонија зборува за чесност, морал и грижа за граѓаните.

Партијата најавува дека случајот ќе го пријави до антикорупцискиот тим на СДСМ и очекува истиот да биде процесуиран и истражен. Воедно, бара јавно објаснување дали е точно дека, додека државата била, како што наведуваат, опустошена, Заев инвестирал во изградба на 40-катница во Дубаи и од каде потекнуваат средствата за таа инвестиција.

ВМРО-ДПМНЕ дополнително прашува дали станува збор за средства од, како што велат, криминални тендери во РЕК Битола и дали во целиот случај е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев, како и неговата можна поврзаност со Енис Колашинац.

„Очекуваме сите сомнежи да бидат расчистени и јавноста да биде целосно информирана, затоа што вистината секогаш излегува на виделина, а правда мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јазот се проширува: Внатре во К-образната економија на Доналд Трамп
Следна Статија Новиот редослед на dinastijata Мердок: Семејни превирања и стратешки промени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Жените од СДСМ утре ќе маршираат и ќе бараат оставка од Тошковски

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш за утре (8 Март) со барање за оставка од министерот за внатрешни…

March 7, 2026
ПОЛИТИКА

Еве до каде е спремен да оди Венко: Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот

Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот.До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник…

May 28, 2026
ПОЛИТИКА

Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна…

February 23, 2025
ПОЛИТИКА

Советникот на Таравари со повик до членството: Народот ни го даде својот глас – да не ги разочараме, да не ја предадеме АА во туѓи прегратки

Членот на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, Сабри Азири, се…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?