Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСМ, да си поднесе оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСМ, да си поднесе оставка
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСМ, да си поднесе оставка

Објавено November 7, 2025 12:28
Сподели
Сподели

Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз на СДС каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението

Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар.

Венко Филипче наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка. Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев СДС наместо промени и реформи стана синоним за расипништво, каде тандемот Филипче и Заев се луксузира на скапи одмори, јахти, поседува милионски имоти и инвестира во Дубаи.

Со само 126 илјади гласа и 6 општини СДС доживеа потоп. Народот ги казни ароганцијата, расипништвото и лажниот морал. СДС заборави на реaлните проблеми на граѓаните, партијата се оддалечи од народот и стана затворен елитен клуб кој мисли само на личните привилегии.

СДС е се уште под диктат на Заев, Филипче не се дистанцира од штетните политики на Заев, неместо реформи во СДС се прават козметички потези и се штити раководството. Итна оставка на Филипче и длабоки внатрешни реформи се единствениот начин СДС да преживее на политичката сцена.

За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција.

Додека СДС тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?
Следна Статија Ѓорѓиевски за проектот градски воз: Ќе бидеме целосно логистички вклучени во овој процес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Села бара нова химна, Димитриевски за инает му врати на албански

Според Зијадин Села, на Македонија и е потребна нова државна химна. Државната химна треба да се смени, со взаемно разбирање…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

Димитриевски: До 15 август ќе се знаат деталите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека по 15 август…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска смета дека Филипче направил грешка што не отиде на лидерска среба

Неучеството на Филипче претседателката Сиљановска го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“. – Подобро е да седнете…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас

Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?