Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВНИМАВАЈТЕ: Има измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВНИМАВАЈТЕ: Има измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
МАКЕДОНИЈА

ВНИМАВАЈТЕ: Има измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Објавено May 13, 2026 19:28
Сподели
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека е забележана зачестена појава во изминативе денови, непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 да испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка на лажна веб страница http://mvr.govmk.cam/mk .

Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, тој води на лажна веб страница на МВР каде се бара да се внесе регистарска табличка од возилото и потоа носи на нов прозорец каде е регистриран прекршок и се бара наплата од 1500 денари.

– Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба, велат од МВР.

Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И машко дете го пријавило штипскиот наставник-педофил
Следна Статија „Милка“ ги измамила потрошувачите, пресуди судот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Помалку дипломирани студенти во 2024 година, повеќето од нив се жени

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7.021 студент, што претставува намалување за…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Три децении покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство

На свеченото одбележување на годишнината од американската независност во Амбасадата на САД во Скопје, синоќа амбасадорката Анџела Агелер во својот…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Онкологија биолошка терапија има само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?