Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина
ХРОНИКА

Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина

Објавено January 12, 2026 14:23
Сподели
Сподели

Шеесет и осумгодишен жител на Струмица е лишен од слобода откако со возило удрил полициски службеник и го напуштил местото на настанот на наплатна рампа кај Миладиновци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 18:40 часот, на наплатната станица Преод, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.П. (68) од Струмица. Приведувањето следело по настан што се случил околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, кога полициски службеници сопреле патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П., со намера да извршат легитимирање.

Според информациите од полицијата, наместо да постапи по наредбите, возачот го стартувал возилото и удрил еден од полициските службеници, по што го напуштил местото на настанот. По преземените мерки и активности, тој бил пронајден и приведен на друга наплатна станица.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поевтинуваат јајцата
Следна Статија Гаши повика на договор за избор на Народен правобранител: Нов оглас би го блокирал процесот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП

Во попладневните часови во селото Грушино, во близина на Арачиново, се случи сериозен инцидент кога автобус на ЈСП бил зафатен…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Приведен екс директорот на Царина, Стефан Богоев

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е меѓу четирите лица опфатени во денешната акција на Управата за финансиска полиција.…

June 2, 2026
ХРОНИКА

Девојка паднала во провалија – интервенирале пожарникарите

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под…

March 21, 2026
ХРОНИКА

Маж нападнат од партнерката, го тепала на паркинг

На 30.06.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје 29-годишен маж пријави дека на 29.06.2025 околу 17:00 часот на паркинг на…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?