Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“
ХРОНИКА

Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“

Објавено March 3, 2025 14:35
Сподели
Сподели

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, потпишувана од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Со ова, Јовановски е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување има уште неколку месеци.

-Судиите разгледувале медицински-конзилијарни мислења, во кои се опишувала здравствената состојба на осудениот. Со нив, освен што се констатирало дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема ниту терапии, ниту доктори, ниту услови, таму се нотирало и дека тој има инвлидитет бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и тенкото црево. Во документацијата имало и извештаи за неговата состојба, по како што се наведува, две живото-загрозувачки операции додека бил во затвор, а дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведат фатални последици, пишува порталот.

Јовановски 13 беше осуден на девет години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“.

Тој моментално е на лекување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експерти за дипломатската офанзива: Македонија е влијателен фактор на меѓународна сцена
Следна Статија Новиот директор на ФБИ го повика Конгресот да истражи како биле искористени парите испратени во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во тешка сообраќајка загина 32 годишник од Крушево

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Прилеп и Крушево, животот го загуби 32-годишник од Крушево, потврдија…

April 27, 2026
ХРОНИКА

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Почина Бајрам Сулејмани, кој од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово. Актуелниот градоначалник…

March 4, 2026
ХРОНИКА

Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани

Министерството за внатрешни работи информира дека во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој…

March 27, 2025
ХРОНИКА

Две лица повредени во судир со комбе на Брза помош на Партизанска

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу полноќ на булеварот Партизански одреди во Скопје,…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?