Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експерти за дипломатската офанзива: Македонија е влијателен фактор на меѓународна сцена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Експерти за дипломатската офанзива: Македонија е влијателен фактор на меѓународна сцена
МАКЕДОНИЈА

Експерти за дипломатската офанзива: Македонија е влијателен фактор на меѓународна сцена

Објавено March 3, 2025 14:31
Сподели
Сподели

Владината делегација предводена од Христијан Мицкоски во дипломатска офанзива. Низа средби премиерот имаше во европските престолнини, каде бара гаранции за патот на Македонија во ЕУ. Овој пат, тој е во Будимпешта, каде ќе се сретне со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Експертите сметаат дека Македонија во минатото беше потчинета, а сега е влијателен фактор на меѓународната сцена.

-Со непромислените, кусогледи и штетни политики на меѓународен план на владата на СДСМ и ДУИ во период мај 2017-мај 2024 година, Македонија се соочи со своја меѓународна позиција на потчинетост, вазалство, безидејност и политика на беспоговорно служење на интересите на соседни земји (Грција и Бугарија), но и бесперспективно очекување ЕУ да ни помогне во решавање на нашите државнички проблеми. Ако ние како држава сами не се бориме за своја подобра меѓународна позиција, зошто тогаш некој друг би го правел тоа за нас?! Тоа беше иницијалниот момент којшто најпрво програмски во изборниот процес во 2024 година, а потоа и како владина политика во делот на надворешната политика го претстави во јавност претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата-Христијан Мицковски. Оттука произлезе и неговата дипломатска офанзива со три посети на САД, работни средби во Брисел, Анкара, Будимпешта…, со цел да ја презентира новата про-активна политика на македонската држава, не само со конструктивни предлози за отпочнување на нашите преговори со ЕУ за полноправно членство,туку пред се,обмислено и внимателно презентирање на македонска опсервација на огромните промени во светската гео-политика. Јасната определба на Мицковски за европската иднина на Македонија, при што од исклучително значење ќе биде одвивање на успешен реформски процес во македонскиот општествен систем (во сите три подсистеми-форма на управување,економија и општествена надградба) и потенцирање на важноста на стратешкото партнерство со САД е камен-темелникот на македонската надворешна политика во иднина. Со доследност, принципиелност и посветеност кон нашата домашна задача на европскиот пат и елиминирање на тешкотиите произлезени од нерамноправните меѓународни договори со Грција и Бугарија, може да очекуваме да се промени сликата за Македонија од пасивен набљудувач на европските и светски процеси, во активен учесник во тие процеси со свои конкретни заложби и предлози, вели поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев, пренесува Курир.

Ѓорчев анализира дека актуелната Влада води атрактивна и конзистентна економска политика на поволности за странските инвеститори.

-Истовремено, вложената енергија при бројните средби со челници на европските држави и со државите од други континенти, ќе ни овозможи уште поголеми перспективи за промоција на можностите на македонската економија и презентација на нашата евтентична култура. Актуелната влада води атрактивна и конзистентна економска политика на поволности за странските инвеститори. Особено значење ќе има македонската емиграција којашто во голем број е присутна во  развиените европски земји-Германија,Франција,Белгија,Шведска…, но и во земјите од американскиот континент и Австралија. Потребен е огромен ангажман конечно да се искористи тој огромен потенцијал на македонските иселеници и да се преточи во кинетичка енергија на привлекување на нивни директни странски инвестиции во својата матична држава. Радува податокот што трета и четврта генерација на македонското иселеништво се уште го негуваат македонскиот јазик и имаат чувство на родољубие кон Македонија. Нивното вклучување во нашиот економски систем бездруго ќе биде најголем успех за Македонија, посочи Ѓорчев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Мајнхајм, најмалку едно лице загина (ВИДЕО)
Следна Статија Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска не е во Париз поради дефект на авионот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз. Од нејзиниот Кабинет информираа…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински

Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија подготвува нов пакет помош за Украина

Владата денес ќе донесе одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски,…

November 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?