Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Воздушниот простор затворен до понеделник – единаесет македонски државјани побарале евакуација од Израел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Воздушниот простор затворен до понеделник – единаесет македонски државјани побарале евакуација од Израел
МАКЕДОНИЈА

Воздушниот простор затворен до понеделник – единаесет македонски државјани побарале евакуација од Израел

Објавено February 28, 2026 17:50
Сподели
Сподели

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел.

Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба.

Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.

Во однос на дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби, заклучно со овој момент ниту еден македонски државјанин нема побарано евакуација.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку дежурните служби, е во континуирана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани за потребна помош и координација.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа X изрази јасна поддршка за сојузничката координација во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, нагласувајќи ја важноста од заеднички пристап во одржувањето на регионалната безбедност и стабилност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Apple’s new ‘Sales Coach’ app is now live on the App Store, replacing ‘SEED’ – 9to5Mac
Следна Статија Атина се крена за железничката несреќа пред три години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова за извештајот на ЕК: Техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува,…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Санацијата во завршна фаза: За неколку часа стабилизација на водоводната мрежа во Скопје

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нозете ми се фатија, едвај излегов, живи ќе изгоревме, сведочи патничка во автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште

Целосно изгоре автобус на ЈСП, кој се запали кај Сопиште. Во него се превезувале десетина патници. „Шоферот вика гориме. Се…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата, бара Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека по пожарите во депониите…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?