Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

Објавено January 18, 2026 16:13
Сподели
Сподели

Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект.

„Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади.

И покрај најавите за старт на 1 февруари, останува неизвесноста околу поддршката на дел од опозицијата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претходно побара гаранции преку амандмани за да ги поддржи измените на Законот за прекршоци. Мицкоски, пак, вели дека е логично да има усогласувања во првите три до шест месеци.

„Никој веднаш кога го имплементирал овој проект не бил перфектен 100 отсто. Логично е во следните три до шест месеци да имаме одредени усогласувања. Но, исто така, она што, ќе повторам, мене ме прави среќен е што хуманиот аспект од овој проект ние го постигнавме, а тоа е помалку жртви како резултат на сообраќајни незгоди“, порача премиерот.

Проектот има за цел целосна автоматизација на казнувањето за сообраќајни прекршоци, со што се очекува значително зголемување на дисциплината на патиштата во главниот град.

 

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во свињарска фарма, угинаа животни, а неколку луѓе добија лекарска помош
Следна Статија Санчез: Американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот парламент ќе отфрли каков било „план Б“ за Македонија

Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на неодамнешните обиди за протуркување на „план Б“ за отклучување на почетокот на преговорите…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски до СДСМ: Ви пречат резултатите од моето работење, оставка не давам!

Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“,…

October 7, 2025
Blog

Разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски ќе почне многу наскоро

Премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите најави дека процедурата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?