Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, безбедно извлечени шест лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, безбедно извлечени шест лица
МАКЕДОНИЈА

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, безбедно извлечени шест лица

Објавено May 1, 2026 11:01
Сподели
Сподели

Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат.

Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од К.С. (68) од Велес, во кое имало уште пет сопатници.

Во акцијата за спасување се вклучиле и екипа од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три екипи на Итната медицинска помош од Скопје, како и екипа на ЈП Македонија Пат.

Возачот и сопатниците биле успешно извлечени и пренесени во Ургентниот центар во Велес, каде им била укажана медицинска помош. Според информациите на МВР, сите се надвор од животна опасност, благодарение на брзата и ефикасна реакција на надлежните служби.

Увид на местото извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Скопје, а надлежните апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија го слави 1 Мај – Ден на трудот
Следна Статија ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димитровска: Констатиравме дека картата на синот на премиерот НЕ е платена со државни пари

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

ОЈО бара притвор за екс директорите на Онкологија, мерки на претпазливост за обвинетите онколози

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го покани Такер Карлсон да ја посети Македонија

Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши повикува на чесна и демократска кампања: Без инциденти, заплашувања и омаловажувања

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во пресрет на локалните избори упати јасен повик до сите политички субјекти, кандидати, институции, медиуми…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?