Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
ЕКОНОМИЈА

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог

Објавено May 1, 2026 11:00
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите.

Протестот ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата, каде ќе бидат упатени синдикалните барања.

Во фокусот е барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра, што според ССМ е неопходен минимум за достоинствен живот.

На протестот нема да учествува Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), кои во пресрет на празникот вчера организираа конференција на тема „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изјави дека тие се залагаат за решавање на проблемите преку социјален дијалог и преговори, наместо преку улични протести.

– Ние го избравме патот на социјален дијалог и преговори – резултатите ги постигнуваме на маса. Тие го избрале тој пат, да одат на улица, тоа е нивна стратегија – рече Неделков.

Тој посочи дека како Синдикат, оваа година донеле одлука овој важен празник за работниците да го одбележат со научна конференција, каде што на највисоко ниво ќе се разговара за трудовите закони, кои се однесуваат на работниците, како и за колективните договори, нивната примена во практиката, и за предизвиците што претстојат во однос на колективните договори.

Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што во 1886 година се одржа во Чикаго на кој се бараше осумчасовен работно време.

Во знак на почит кон жртвите, во 1889 година на основачкиот конгрес на Втората интернационала е донесена Декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации со цел да се подобри нивната положба. Оттогаш во повеќето држави низ светот се одржуваат протестни маршеви.

Во земјава, 1 Мај е прогласен за неработен ден согласно Законот за празници.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во над 80 земји во светот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, безбедно извлечени шест лица
Следна Статија САД објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нема опасност да ни биде запрен гасот

Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика…

October 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Mицкоски: Западен Балкан може да понуди годишно производство од 260 терават-часови обновлива енергија

Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан…

June 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за април изнесува 62.691 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари

Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?