Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во прашање се денови кога ќе се пушти пругата кон Бугарија во должина од 30 км, вели Николоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во прашање се денови кога ќе се пушти пругата кон Бугарија во должина од 30 км, вели Николоски
ЕКОНОМИЈА

Во прашање се денови кога ќе се пушти пругата кон Бугарија во должина од 30 км, вели Николоски

Објавено January 11, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и за моменталните активности на автопатот Охрид-Кичево, беа дел од темите за кои зборуваше вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски во Вечерното шоу на Богдан Илиевски.

Во однос на изградбата на првата фаза од пругата кон Бугарија, министерот истакна дека изградбата е во крајна фаза и во прашање се денови кога ќе се пушти во употреба оваа пруга во должина од 30км.

-Пругата е веќе при крај и во многу брз период таа пруга ќе биде пуштена, со што ќе имаме целосно функционална пруга од Скопје преку Куманово до Бељаковце. Успеавме да ги придвижиме работите заедно со директорот на ЈП Железници – инфраструктура и работите на вториот дел од делницата, а тоа е од Бељаковце до Крива Паланка, или за делница во должина од 34км, која очекувам некаде до 2027 година да е готова, и ќе остане потоа третиот дел кој ќе треба да значи поврзување со Бугарија, кога ќе успееме технички да ги затвориме тие работи”, истакна министерот Николоски.

Во однос на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, Николоски потсети дека пред почетокот на летната сезона годинава, ќе биде пуштена во употреба најголем дел од трасата на автопатот или околу 40 км, а истиот ќе биде завршен до крајот на 2026 година.

Министерот Николоски зборуваше и за активностите на изградбата на коридорот 10д, каде во моментов се завршени работите околу изградбата на на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, на потегот од Градско до Дреново.

-Првата фаза е скоро готова и во наредните денови ќе следува пуштање во употреба. Втората фаза ќе биде готова до март месец годинава“, истакна тој и додаде дека со изградбата на овој патен правец и автопатот Прилеп-Битола Пелагонија ќе доживее целосна ренесанса и ќе добие модерно и брзо поврзување со останатиот дел од државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Подарените хеликоптери Ми-24 од Македонија првпат забележани во Украина
Следна Статија Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажете се од бесплатните апликации – поседувајте Microsoft Office само за 35 долари

Suite за продуктивност за вистински возрасни личности

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Клековски: Дебатата за минималната плата се води со погрешни споредби, Македонија не е на дното

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, вели дека јавната расправа за минималната плата во земјава е…

February 8, 2026

Акциите на индискиот оператор на KFC и Pizza Hut Девјани скокаат поради спојување со конкурентниот франшизер Сафир

Два главни франшизери на Yum! Брендс во Индија ќе се спојат за да создадат единствен франшизер за KFC и Pizza…

January 3, 2026

Идни договори за акции се речиси непроменети по рекордот на Dow

30-те акции на Dow го допреа историскиот врв во понеделникот и се затворија на рекордно ниво додека нафтените имиња пораснаа

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?