Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
СВЕТ

Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот

Објавено January 11, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед, огромната данска арктичка територија богата со руда, изјави дека нејзините жители не сакаат да бидат Американци, но дека го разбира интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за островот со оглед на неговата стратешка локација и дека е отворен за подлабока соработка со Вашингтон.

Гренланд е дански автономен регион и се наоѓа североисточно од САД и северозападно од Европа и Данска, земјата на Европската унија на која и припаѓа островот. Неодамна Трамп изјави дека не исклучува економски притисок, па дури и воена сила Гренланд да стане дел од САД, бидејќи тоа наводно е „прашање на националната безбедност“.

Премиерот Егед рече дека Гренланд е секако дел од северноамериканскиот континент и „место што Американците го гледаат како дел од нивниот свет“. Тој исто така рече дека не разговарал со Трамп, но дека е отворен за дискусии на тема за „тоа што не обединува“.

-Кај кооперацијата станува збор за дијалог. Кооперацијата значи дека се работи во насока на изнаоѓање решение, рече Егед.

Лидерот на Гренланд се залага за независност на Гренланд и ја гледа Данска како колонијална сила која не се однесува секогаш добро со своето локално население, Инуитите.

-Гренланд му припаѓа на народот на Гренланд. Ние нема да бидеме ниту Данци, ниту Американци. Сакаме да бидеме Гренланѓани, рече Егед на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген.

Желбата на Трамп за Гренланд предизвика запрепастување во Данска и низ Европа.

На Гренланд живеат само 57.000 луѓе, но тој е најголемиот остров во светот, покриен со снег и мраз, богат со нафта, гас и ретки минерали. Тоа е стратешка локација на Арктикот каде Русија, Кина и други земји сакаат да го прошират своето влијание бидејќи климатските промени доведуваат до топење на мразот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во прашање се денови кога ќе се пушти пругата кон Бугарија во должина од 30 км, вели Николоски
Следна Статија Британија останува без гас: Нема ни за една недела потрошувачка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Најмалку шест лица загинаа во нов руски напад врз Киев (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа во руски напад врз Киев и околните области, соопштија утринава украинските официјални лица, пренесе ДПА. Градоначалникот…

June 23, 2025
СВЕТ

Уапсен Пакистанец: Ги држел сопругата и петте деца како затвореници повеќе од 10 години

Пакистанската полиција уапсила маж осомничен дека повеќе од десет години ја држел во заробеништво својата сопруга, француска државјанка, заедно со…

June 24, 2026
СВЕТ

(ФОТО) Астронаутите заробени на МВС, излегоа на прва заедничка вселенска прошетка

Двајца астронаути на НАСА, Сунита Вилијамс и Бери Буч Вилмор, кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица за да останат 8…

January 31, 2025
СВЕТ

Роберт Кенеди јуниор ќе биде министер за здравство на Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, го избра Роберт Кенеди Јуниор за свој министер за здравство. Роберт Кенеди, внук на убиениот…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?