Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Волкановски го победи Лопес и испиша УФЦ историја (Видео)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Волкановски го победи Лопес и испиша УФЦ историја (Видео)
СПОРТ

Волкановски го победи Лопес и испиша УФЦ историја (Видео)

Објавено April 13, 2025 10:26
Сподели
Сподели

Александар Волкановски е новиот УФЦ шампион во „перо“ категорија! Поранешниот шампион на оваа дивизија го врати појасот по заминувањето на Илја Топурија во лесна категорија, а слободното место го зазеде по синоќешната победа над Диего Лопез на настан во Мајами, каде победи со едногласна одлука.

И покрај одличниот настап на момчето од Мексико, кој пред борбата со Волкановски доби „шанса за титулата“ по петте последователни победи во октагонот, искусниот Волкановски покажа зошто е еден од најодликуваните борци (5 одбрани) во „перо“ категорија. Со своето искуство и „фајтерски коефициент на интелигенција“ доминираше во сите пет рунди, а храброто срце и самопожртвуваноста на Лопез, на крајот, не беа доволни за да ги убедат судиите.

Инаку, видовме вистинска војна во режија на овие борци, па навивачите и гледачите во „Арена Фајт“ имаа можност да уживаат во првокласна борба, како што доликува на меч за титулата. Еден куп сериозни размени и многу тактичко надмудрување видовме во „стенд-апот“, каде во неколку наврати мечот лесно можеше да отиде во друга насока.

-Убаво е чувството што се вратив овде. Му ветив на моето семејство дека ќе ја вратам титулата. Сите ме отпишаа бидејќи имам 36 години. Ја добив шансата по два последователни порази, а сега се враќам овде, на врвот. Имам голема почит за Лопез. Неверојатен момент, навистина голема привилегија. За ова ќе се пишува и ќе се снимаат филмови – соборен е рекорд!, рече Волкановски во изјавата по натпреварот.

Александар Волкановски сега има 27 победи и четири порази во октагонот, а единствените два под капата на организацијата УФЦ му беа против Илија Топурија и Ислам Махачев (двапати). Првиот пораз го забележа на стартот од кариерата против Кори Нелсон.

Alexander Volkanovski vs Diego Lopes – UFC 314 FULL FIGHT HIGHLIGHTS pic.twitter.com/BYosUb24OF

— B Thaslyone (@bthaslyone) April 13, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски: Актуелниот министер за економија не е осомничен зошто во негово време немало барање за лиценца од „Пулс“
Следна Статија Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Најдобар во изборот на ФИФА е Бразилецот Винисиус Жуниор

Офцијално Винисиус Жуниор ја доби наградата за најдобар светски фудбалер за минатата сезона на настанот „The Best“, во организација на…

December 18, 2024
СПОРТ

Вардар со триумф се враќа од Тулуз

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со…

October 22, 2025

Халанд: Никогаш не сонував за ова и мислам дека е малку надреално да се биде во моментот

– Репрезентацијата на Норвешка направи подвиг и успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот, а последна „жртва“ беше повеќекратниот…

July 6, 2026
СПОРТ

УЕФА и се спротистави на ФИФА за поништениот црвен картон

УЕФА издаде итно соопштение во врска со одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на Балогун по повиците и…

July 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?