Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани

Објавено April 13, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Во истрагата за трагичниот пожар во кочанскиот клуб „Пулс“, кој однесе човечки животи, активно работат 13 обвинители. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната прес-конференција истакна дека досега се осомничени 47 физички и три правни лица, а мерки за обезбедување се побарани за 19 новоосомничени кои се дел од проширувањето на истрагата.

-За четворица се бара притвор, за седум лица куќен притвор комбиниран со забрана за комуникација, додека за уште седум се предложени мерки на претпазливост. Едно лице од новоосомничените воопшто не се наоѓа во Македонија, изјави Коцевски.

Истрагата опфаќа сопственици и менаџери на клубот, корисници на пиротехниката, како и обезбедувачи, но и низа поранешни и актуелни функционери, чии пропусти овозможиле клубот да работи без да ги исполнува потребните услови.

Обвинителот нагласи дека меѓу осомничените се и тројца поранешни градоначалници и тројца градежни инспектори од Општина Кочани, кои, според истрагата, воопшто не извршиле инспекциска контрола, иако објектот бил незаконски пренаменет во угостителски објект.

Дополнително, од Дирекцијата за заштита и спасување се осомничени три лица, кои низ годините не спровеле ниту една инспекција или набљудување на објектот. Како што вели, од ДЗС, покрај директорот, поведена истрага за уште три лица на истата функција вклучително и актуелниот директор и генералниот директор во Дирекцијата кој бил на таа функција во тек на целото работење на Клубот.

-Постои сомнение дека тие постапиле спротивно на нивната должност предвидена во законот за заштита и спасување, и законот за инспекциски надзор и целосно ги запоставиле своите надлежности, не само по однос на овој клуб туку и на останатите угостителски објекти низ државата, вели Коцевски.

Ниту еднаш, вели Коцевски, низ годините согласно ризиците кои постоеле и морале да ги имаат предвид, не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор на објекти кои вршат угостителска дејност.

-Со своето неизвршување на должностите , спротивно на јавниот интерес, во целост го нарушиле системот за заштита и спасување и со тоа во континуитет ги изложиле граѓаните на опасност од непроверени и контролирани објекти од аспект на исполнувањето на потребните законски услови за безбедност, заштита од пожари и опасност по нивното здравје и живот, вели Коцевски.

Истрагата ги опфаќа и двајца државни секретари, поранешен министер за економија и тројца вработени во секторот за угостителство и туризам во истото министерство, кои, според обвинителството, овозможиле клубот „Пулс“ да добие лиценци и да продолжи со работа, иако тоа било незаконски. Коцевски посочи дека актуелниот министер за економија не е дел од истрагата, бидејќи сопственикот на клубот не поднел ново барање за лиценца во неговиот мандат.

Осомничени се и четворица инспектори од Пазарната инспекција, како и уште тројца инспектори кои биле дел од претходната етапа на истрагата. Се вршат дополнителни проверки на нивните директори, бидејќи во нивни мандати клубот работел со фалсификувани или нерегуларни лиценци.

Истражните органи водат постапка и против седум полициски службеници.

-Истрагата е во тек, а се преземаат и нови истражни дејствија, додаде Коцевски.

Министерот Тошковски посочи дека во насока на расветлување на правно-кривичниот настан Министерството за внатрешни работи презеде низа активности со кои покажа дека законот важи за секој што ќе се огреши, а при тоа да се собрани соодветни докази.

Ќе продолжиме и понатаму да преземаме активности за секој што ќе бидат собрани докази, рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Волкановски го победи Лопес и испиша УФЦ историја (Видео)
Следна Статија Директорот на Царина: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонски средношколци на Балканската математичка олимпијада

Македонските средношколци постигнаа одлични резултати на Балканската математичка олимпијада (БМО) 2025, која се одржа во главниот град на Босна и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиника

Директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието доби „глува соба“ за доверливи разговори

Собранието доби заштитена или т.н глува соба во која ќе се чуваат и ќе се работи со класифицирани и строго…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?