Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на Царина: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Директорот на Царина: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан

Објавено April 13, 2025 10:53
Сподели
Сподели

Забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц, се очекува со воспоставување на системот на едно застанување на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Р. Косово. Ова беа едни од суштинските теми на средбата одржана помеѓу директорот Бобан Николовски и косовската делегација предводена од директорот на Царинската управа на Косово, Агрон Лугалиу, заменикот министерот за финансии и труд Агон Добруна и директорот за Граници, Фахри Гаши.

Николовски воедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска изврши увид на состојбата на граничниот премин се со цел унапредување на мерките што се преземаат секојдневно за подобрување на контролата на секој влез и излез на патници и стоки.

Граничниот премин Блаце – Елез Хан е еден од најфреквентните низ којшто на годишно ниво минуваат повеќе од четири милиони патници.

Трговската размена со Косово минатата година изнесува 470 милиони евра. При тоа во просек на дневно ниво на овој премин минуваат над 500 камиони.

Годинава во првото тримесечје на овој премин поминале 48 илјади камиони од кои 27 илјади полни и 21 илјада празни камиони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани
Следна Статија Здруженијата на децата бегалци бараат нивниот осквернавен споменик да се врати во првобитната состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Геополитичкиот конфликт може да ја чини економијата 14,5 трилиони долари

Хипотетички геополитички конфликт би можел да ја чини светската економија 14,5 трилиони долари во период од пет години, пресмета Lloyd’s…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска

Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на Македонија постави повеќе прашања до министерката за финансии,…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во мај пад на просечната каматна стапка кај кредити и кај депозитите

Најновите податоци на Народната банка за каматните стапки покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 4,69…

June 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?