Светот се соочува со нов енергетски потрес. Цената на суровата нафта „Брент“ утрово достигна драматични 110,90 долари за барел, што е највисоко ниво од почетокот на војната во Украина во 2022 година. Главната причина за овој нагол скок е ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и стравувањата дека војната во Иран може целосно да го блокира протокот на нафта.
Трговците со енергенси се во паника откако нападите врз клучните рафинерии во регионот станаа секојдневие. Додека светот стравува од рецесија, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека овој пораст на цените е „многу мала цена што треба да се плати за мирот“.
Македонските граѓани со загриженост гледаат кон Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Денес се очекува нивната одлука, која поради глобалните движења, би можела да донесе нов ценовен шок на бензинските пумпи од полноќ.