Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје
СВЕТ

Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

Објавено August 25, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет им нареди на војниците на Националната гарда да почнат да носат огнено оружје при патролирањето по улиците на Вашингтон, како дел од построгите мерки за спроведување на законот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска Пентагон.

Овој потег претставува ескалација на интервенцијата на Трамп во полициската работа во главниот град на САД и доаѓа во време кога речиси 2.000 членови на Националната гарда се стационирани во градот контролиран од демократите, откако стотици војници пристигнаа оваа недела од неколку републикански држави.

Трамп првично испрати 800 членови на Националната гарда во округот Колумбија за да им помогнат на федералните органи за спроведување на законот во обид да се справат со криминалот, бездомништвото и нелегалната имиграција.

Пентагон и војската минатата недела објавија дека војниците нема да носат оружје, но новите упатства се дека ќе носат службено оружје. Војниците не учествуваа во спроведувањето на законот и претежно ги заштитуваа локалните знаменитости.

Трамп минатата недела се пофали дека градот е побезбеден од кога било благодарение на неговата интервенција.

Денеска тој на новинарите им изјави дека „чудо е што се случи. Вашингтон беше пеколно место“, рече тој и додаде дека „ сега е безбеден.“

Тој посочи дека може да го продолжи присуството на трупите и федералните агенти во Вашингтон.

Трамп истакна дека ќе побара од Конгресот две милијарди долари за подобрување на изгледот на градот, вклучително и повторно асфалтирање на улиците и замена на уличните светилки. Претходно вети дека ќе ја подобри тревата околу градот за да изгледа како едно од неговите терени за голф.

„Ќе биде безбедно и ќе биде разубавено“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Криминал тежок над 7 милиони евра: Финансиска утрово врши претреси на неколку локации во Македонија
Следна Статија Пратениците се вратија од одмор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати предлогот за прекин на огнот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека предлогот за прекин на огнот во Украина за време на Божиќ и натаму…

December 18, 2024
СВЕТ

Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на…

October 18, 2025
СВЕТ

Трамп за мировниот договор за Украина: Не верувајте додека не видите

Американскиот претседател Доналд Трамп конечно се огласи во врска со мировните преговори за завршување на војната во Украина, објавувајќи на…

November 24, 2025
СВЕТ

Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС

Русија денеска најави дека ќе и возврати на Украина по нејзиното истрелување американски ракети АТАКМС претходниот ден, напад кој за…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?