Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Десетици илјади луѓе протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Десетици илјади луѓе протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
СВЕТ

Десетици илјади луѓе протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот на Истанбул

Објавено March 29, 2025 19:13
Сподели
Сподели

Десетици илјади луѓе се собраа денеска во Истанбул за да протестираат поради апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, кој е главен политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Апсењето на Имамоглу ги предизвика најголемите демонстрации во Турција во последната деценија, јавуваат агенциите.

Стотици илјади одговорија на повиците на опозицијата и излегоа на улиците откако Имамоглу беше приведен на 19 март, а потоа уапсен под обвинение за корупција. Протестите беа главно мирни, но речиси 2.000 учесници беа приведени од властите.

Главната опозициска сила, Републиканската народна партија, како и другите опозициски партии, групи за човекови права и претставници од западните земји, сметаат дека апсењето на Имамоглу е политичко и има за цел да се отстрани потенцијалната изборна закана за Ердоган.

Владата негира дека влијаела врз судството и вели дека судот е независен.

Десетици илјади луѓе вееја турското знаме и кренаа транспаренти денеска во паркот Малтепе на азискиот брег на Истанбул на митинг под слоганот „Слобода за Имамоглу“, организиран од Републиканската народна партија.

Минатата недела, партијата одржа внатрепартиски избори за официјално да го поддржи Имамоглу како свој кандидат за претстојните претседателски избори. Тие треба да бидат произведени во 2028 година, но партијата бара предвремени избори, тврдејќи дека владата го изгубила легитимитетот.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја оваа недела соопшти дека речиси 1.900 лица се приведени од почетокот на протестите, а судовите завчера наредиле притвор на 260 од нив во очекување на судењето.

Ердоган, кој доминира со турската политика повеќе од 20 години, ги отфрли протестите, нарекувајќи ги „шоу“. Тој предупреди дека ќе има правни последици и ја повика Републиканската народна партија да престане да ги „провоцира“ Турците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Играч на лотарија освои џекпот од 250 милиони евра
Следна Статија Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бројот на жртви по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

Неколку дена по разорниот земјотрес во источен Авганистан, бројот на жртви продолжува да расте, при што властите на талибанците и…

September 4, 2025
СВЕТ

Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите во Швајцарија

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлија предлогот за воведување данок од 50% на наследство од над 50 милиони швајцарски франци…

November 30, 2025
СВЕТ

Русија со остра порака до Мерц: Канцеларот е опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е опседнат со идејата за одмазда за поразот на нацистичка Германија од страна на Советскиот Сојуз,…

September 4, 2025
СВЕТ

Никој не ги слуша: Маск бара да се затворат „Радио Слободна Европа и „Гласот на Америка“

 Радио Слободна Европа и Гласот на Америка треба да бидат затворени, напиша синоќа на „Икс“, технолошкиот магнат Илон Маск во…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?