Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи
МАКЕДОНИЈА

Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

Објавено March 29, 2025 19:15
Сподели
Сподели

„Спасен е оној кој се очистува, кој го спомнува името на својот Господ и клања намаз.“ (Ал-А’ла – 14, 15)

Почитувани верници и вернички, Браќа и сестри,

Утре е празникот Фитер Бајрам, кој е ден на радост и гордост за верниците кои со посветеност и побожност ги исполнија обврските од месецот Рамазан, постот и другите ибадети.

Денес се разделуваме од светиот месец Рамазан, и му благодариме на Семоќниот Алах што ни овозможи да го доживееме овој благословен месец во кој сведочевме дека постот е божествена обврска, чин на силно верување и свест за посветеност кон Бога.

Во текот на овој месец, нашите срца беа исполнети со верба и знаење, го подигнавме моралот, почитта, солидарноста, хуманоста, толеранцијата и мирот. Овој месец не охрабри да работиме за мирна, светла и позитивна иднина.
За верникот, празникот Фитер Бајрам е кулминација на овие заложби и ден на голема радост. Тоа е ден на победата на верата над неверието, победа на доброто над злото, победа на знаењето над незнаењето, победа на мирот над војната, победа на солидарноста над поделбите, победа на почитта над омразата и победа на човечноста над нечовечноста.
Фитер Бајрам е посебен ден, ден кој ја истакнува нашата длабока благодарност за нашата посветеност на Семоќниот Алах. Затоа, нека овој празник биде можност да ги зајакнеме нашите врски со другите, да изразиме љубов и почит кон нашите семејства, да подадеме рака за помирување и да се грижиме за оние на кои им е потребна помош.

Браќа и сестри,

Имам посебна чест, во име на Исламската Верска Заедница и во мое лично име, да ги пренесам најискрените честитки до сите верници, каде и да се наоѓаат, молејќи го Семоќниот Аллах да го прифати нашиот пост, молитвите и ибадетите и да не награди како што само Тој знае.

Честит Фитер Бајрам! Нека е за многу години за сите!

Реисул Улема на ИВЗ Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Десетици илјади луѓе протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
Следна Статија Таравари смета дека лидерската што ја предлага Филипче би била само губење време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Вашингтон: Македонија на фронтот против илегалната миграција и силна поддршка за Трамп

Мицкоски истакна дека Македонија е на „линијата на фронтот“ во борбата против илегалната миграција, потенцирајќи дека неговата влада е посветена…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?