Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
ЗДРАВЈЕ

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Објавено January 17, 2026 10:03
Сподели
Сподели

Белгиската Група за управување со ризици (РМГ) донесе одлука за покачување на нивото на опасност од респираторни инфекции во Белгија од „жолто“ на „портокалово“, по информациите на здравствените власти дека грипот се шири забрзано и дека се зголемува притисокот врз болниците.

РМГ е група составена од претставници на белгиските здравствени власти одговорни за утврдување на мерките за заштита на јавното здравје. Според правилникот на РМГ, воспоставени се четири нивоа на ризик од респираторни инфекции – зелено (ниско), жолто (умерено), портокалово (високо) и црвено (многу високо).

Во зимски услови предупредувањето се однесува за респираторни инфекции од грип, РСВ вирус, пневмонија и Ковид-19. Присуството на овие вируси се одредува преку мерењето на нивната циркулација во отпадните води на неделно ниво и преку системот за здравствен надзор имплементиран од болниците и општите лекари.

РМГ потенцира дека вирусот на грипот активно циркулира низ Белгија и може да биде опасен за оние кои се изложени на ризик од компликации, како повозрасни од 65 години, бремени жени и лица со имуни и кардиоваскуларни заболувања.

Групата им препорачува на граѓаните миење раце, редовно проветрување на просториите, кашлање или кивање во лактот, останување дома ако се болни и носење маска на јавни места ако имаат благи симптоми и до пет дена по нивното појавување.

– Со внимателно следење на основните препораки, кои важат преку целата година, можеме колективно да го ограничиме ризикот од преминување на црвено ниво на аларм и да избегнеме преоптоварување на нашиот здравствен систем, објаснува РМГ во своето соопштение.

Според вирологот Стивен Ван Гухт од белгискиот Национален здравствен научно истражувачки институт „Сајнсано“, прогласувањето на „портокалов аларм“ не е нешто невообичаено за ова време од годината, особено кога се бележи зголемување на респираторните инфекции.

– Сепак, со оглед на зголемениот притисок врз болниците, ова нè наведе да го промениме нивото на аларм, со дополнителни препораки во врска со носењето маска при појава на симптоми, без разлика дали во јавен превоз, на јавни собири, во чекални на лекар или во болници, изјави Ван Гухт за весникот „Соар“.

Тој потенцира дека тоа се „препораки, а не обврски“, нагласувајќи дека одговорност на сите е да помогнат во ограничувањето на ширењето на респираторните инфекции.

Кога станува збир за РСВ вирусот, Ван Гухт истакнува дека оваа сезона тој го достигнал својот „врв“ кон крајот на декември 2025 година, што е значително подоцна отколку претходната сезона.

– Циркулацијата на РСВ е помала кај децата, што несомнено е ефект на вакцинацијата. Сепак, се зголемува кај оние над 65 години, но тоа не е изненадување, бидејќи вирусот е двофазен, што значи дека прво ги погодува децата, а потоа возрасните, вели Ван Гухт.

Според него, циркулацијата на Ковид-19 во Белгија засега останува на ниско ниво.

– Како и лани забележуваме дека неговата активноста е слаба во зима, по што малку се зголемува во текот на летото и раната есен. Ковид-19 не исчезна. Како и грипот, Ковидот останува опасен за одредени поранливи групи на население, на кои сè уште им се советува да се вакцинираат за да избегнат компликации, додаде Ван Гухт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кинескиот трговски вишок од 1,2 трилиони долари тивко продира во глобалните пазари
Следна Статија Просечната долгорочна хипотекарна каматна стапка во САД на најниско ниво во повеќе од три години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст

Претседателот на здружението на граѓани „Раст“, Aлександар Петковски информира дека за жал степенот на дијагностицирани деца со низок раст во…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за проценка на клиничката слика на повредените во трагедијата од дискотеката…

April 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во приватни градинки немало хигиена, Агенцијата за храна парично ги казни

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли.…

December 8, 2024
ЗДРАВЈЕ

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде повторно одекна „победничкото ѕвонче“ – симболот на успешно…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?