Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Објавено November 20, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје“.

„На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу пати повеќе од ова коешто сега се прави, бидејќи за жал многу малку е направено во минатото.
Деведесет милиони денари сепак не е малку, не е ни многу, но не е ни малку, имајќи предвид дека речиси ништо не е правено, не со години, со децении, само приказни се кажувани.

Како Влада сериозно се зафативме со овој проблем. Заедно со министерот, во периодот којшто следи ќе имаме еден подолг ресорен состанок на којшто ќе ги определиме чекорите за понатаму. Ќе има сериозни реформи, и структурни, но и квалитативни, и убеден сум дека за неколку години од денеска ќе имаме комплетно нова претстава во здравството. Бидејќи често пати зборувам, ќе го повторам тоа и денеска, дека како Влада одвојуваме за здравството повеќе од една милијарда евра. Нешто што досега никогаш не било ни приближно направено. Да речеме само во годината за време на ковидот таа бројка била некаде околу 500-550 милиони евра. Значи сега сме, би рекол, два пати повеќе. И повторно имаме проблеми. И тоа е нешто коешто нас не вознемирува.

Луѓе алармираат, даваат одредени индиции, за одредени појави коишто не се добри, кај одредени лица, но никако да дојдеме до реализација и до доказ. Тоа е она коешто за мене претставува, како прв човек на Владата, озбилен предизвик. И убеден сум дека во периодот којшто следи ќе дојдеме и до такви озбилни докази за тие индиции коишто луѓето ги кажуваат. Ги повикувам да се охрабрат за да можеме заеднички, имаме ние алатки како тоа да го направиме, за да докажеме девијантно однесување. Во спротивно ќе бидеме неуспешни.

Инаку, ова е зграда споменик на културата и така лесно не можете да интервенирате, има процедури. Јас сум поддржувач на планот на директорот да направиме одредени реконструкции, но за тоа треба да имаме и соодветни правни документи коишто ќе ја дозволат таа реконструкција, имајќи предвид дека сепак ова е споменик на културата, како зграда зборам.

Инаку, вие видовте доле што се случува, дека и ургентните пациенти и оние кои се редовни, односно закажани по „Мој термин“ се измешани и навистина глетката е, би рекол, недобра. За да биде добра, треба една координирана акција на повеќе институции и дозвола од повеќе институции за да можеме нешто да направиме. Не секогаш зависи само од желбата, туку има некои и други моменти коишто треба да бидат исполнети.

Така што, еве тука да завршам, јас сум убеден дека многу скоро од денеска, секој еден граѓанин ќе може да почувствува дека јавното здравство нуди услуги коишто се конкурентни и квалитетни. Тоа е она коешто можам јас да го кажам. Иако и до ден денеска, јас можам да им честитам на овие луѓе коишто се дел од јавното здравство за тоа што го прават, најголемиот дел. Затоа што прават вонсериски напори, вложуваат вонсериски напори, и вие самите констатиравте дека овде конкретно луѓево се за Гинис.

Затоа мора да направиме една координирана акција, како за оној персонал и за медицинските работници да обезбедиме соодветни услови, но од друга страна оние здравствени мешетари кои што го разрушуваат имиџот да ги пронајдеме и да ги санкционираме.

Затоа не можам секогаш да се сложам со луѓето коишто го напаѓаат јавно здравство затоа што тоа не е вистина. Затоа што во јавното здравство, работат луѓе коишто даваат се од себе. И јас како претседател на Владата, ќе сторам се што можам да помогнам, колку можеме во рамките на нашите можности, да направиме едно јако, силно јавно здравство“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судењето „Онкологија 2“ започна од почеток
Следна Статија Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Болницата за белодробни заболување „Јасеново“ вработи нов медицински персонал

Еден лекар од општа пракса, четири медицински сестри со средна стручна спрема, од кои две за работни места болничарки и…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме…

March 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Кинеските научници создадоа нов вид бактерии: Можат ли да ја спасат планетата?

Кинеските научници создадоа нов вид бактерии способни истовремено да разградат пет вида органски загадувачи во индустриски отпадни води со висока…

May 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени

Во изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка во земјава, велат статистичките податоци на Институтот…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?