Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Објавено March 22, 2026 14:55
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница кој беше закажана напладне.

– Се соочуваме со предизвик што навистина е голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток, изјави Мицкоски.

Како што истакна Мицкоски дека врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да достигне зголемување од 10,5 денари по литар.

„Очекуваме цената на бензините од 86,5 и 88,5 денари да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.

Како одговор на ова, Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните.

„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, истакна премиерот.

Дополнително, Владата води разговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кој го дава кон трговците, што би можело да влијае на дополнително намалување на цените.

„Доколку се постигне договор, очекуваме цените да бидат и до 3 денари пониски од максималните утврдени од Регулаторната комисија“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие мерки граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.

„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, додаде премиерот.

Според него, Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Мајмунчето Мики на кое посетители му украле дел од роденденските подароци
Следна Статија Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото туристичко вештачко езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кастеланета: Западниот Балкан предолго чека, процесот за ЕУ мора да се симплифицира

„Западен Балкан не може да биде оставен настрана од интеграцијата во Европската унија. Земјитe во регионот чекаат од Солунскиот самит…

May 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Интензиво се работи на булеварот „Македонија“: Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршил увид во градежните активности на булеварот „Македонија“, проект што…

February 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Скопје откако победи на Локалните избори 2025 како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ги посети повредените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани, по што…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?