Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото туристичко вештачко езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото туристичко вештачко езеро
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото туристичко вештачко езеро

Објавено March 22, 2026 16:55
Сподели
Сподели

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро. Станува збор за капитален проект кој, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот – истакна при денешниот увид во работите, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според вицепремиерот, овој проект има потенцијал да стане главна туристичка атракција во источниот регион.

Ова ќе биде прво рекреативно вештачко езеро во источниот дел на државата, ова ќе биде езеро кое што треба да го развие туризмот во целиот овој регион, да претставува главна туристичка атракција во текот на летото за жителите од источниот дел на државата, но исто така во текот на годината да се користи за рекреација, тука да доаѓаат луѓе, и секако да се отвараат нови работни места, рече Николоски.

Покрај туристичката димензија, се разгледуваат и идеи за уредување на просторот околу езерото, со дополнителни содржини за посетителите.

-Секако, езерото ќе служи и за наводнување, ќе служи и доколку е потребно во одредени критични периоди и за решавање на проблемот со водоснабдување, а разговаравме и за уредување на просторот околу езерото, веќе размислуваме и на таа фаза. Би се искористил трупот на браната, како патека која што ќе оди од едниот до другиот крај на езерото и да се поврзува со Штип, додаде заменик претседателот на Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%
Следна Статија Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Алфалтирањето на Кичево- Охрид продолжува и во зима

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Вработените во Железници излегоа на протест

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но…

December 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за…

April 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?