Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Газа има над 200.000 убиени и ранети, тврди поранешен израелски командант
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Газа има над 200.000 убиени и ранети, тврди поранешен израелски командант
СВЕТ

Во Газа има над 200.000 убиени и ранети, тврди поранешен израелски командант

Објавено September 13, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Појасот Газа се убиени или ранети повеќе од 200.000 Палестинци, што претставува околу 10 отсто од населението, јави Гардијан.

Халеви ја водеше израелската армија во првите 17 месеци од конфликтот, кој трае речиси две години. Неговата проценка е блиска до податоците на Министерството за здравство во Газа, пренесува Кликс.

Повикувајќи се на официјалните податоци, Гардијан посочува дека во Газа се убиени 64.718 лица, а 163.859 се повредени. Се стравува дека бројот на загинати е поголем бидејќи многу тела остануваат под урнатините. Министерството во Газа не прави разлика меѓу цивили и борци, но документи од израелската разузнавачка служба што протекоа во јавноста во мај укажуваат дека над 80 проценти од жртвите се цивили.

Израелските власти ги отфрлаат овие бројки како пропаганда, но меѓународни хуманитарни организации оценуваат дека се точни. Халеви истакна дека на армијата и наредил да постапува според меѓународното хуманитарно право и дека правните советници имале задача да ја убедат меѓународната јавност во легалноста на воените операции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори
Следна Статија Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Руски беспилотни летала погодија станбени згради и супермаркет во Киев, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа во Киев во напад што беше извршен ноќеска од страна на Русија. Лицата загинале кога остатоци…

May 7, 2025
СВЕТ

Мајами во Минеаполис: Љубовта и рекордно топлото време на Свети Валентин

Температурите го скршија tradicionalниот мраз на зимскиот ден на вљубените

February 16, 2026

Значењето на воениот пресврт на Кси

Односите меѓу кинеските комунистички лидери и армијата одамна биле напрегнати

January 31, 2026
СВЕТ

И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД

Европската Унија одлучи да ги паузира своите контрамерки на американските царини на 90 дена за да отвори простор за преговори.…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?