Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори

Објавено September 13, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Jа споделувам грижата на скопјани. Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје, објави Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје за престојните локални избори.

„Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги превземат сите неопходни мерки за откривање на сите кои се замешани во свесното и намерно потпалување на сите депонии околу главниот град Скопје. И ги повикувам да постапат брзо.

Институциите треба и мора да делуваат, а здравјето на граѓаните да биде заштитено.

Она што сите го гледаме, го зборуваме, размислуваме и посочуваме ќе го кажам јавно.

Постојат основани и отворени сомнежи кај мене, а и кај сите луѓе со кои разговарам, дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори. Никогаш во последните неколку децении не ни се случувало ова, да се палат ридови и сите ѓубришта во радиус од 20 километри околу главниот град“, потенцира Ѓорѓиевски.

„Овие пожари се со цел да се предизвикаат политички пожари. За жал граѓаните и ние скопјани сме жртви. На ова мора да му се стави крај.

Верувам дека институциите ќе постапат и ќе дејствуваат брзо.

Најавувам дека по одржувањето на локалните избори првата и основна задача ќе ми биде создавање на систем каде нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат веќе проблем туку решение. Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред.

На овој напад против животната средина и против здравјето на граѓаните мора да му се стави крај“, додаде тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец починал откако бил претепан
Следна Статија Во Газа има над 200.000 убиени и ранети, тврди поранешен израелски командант

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Непристојниот однос кон Јаневска е спротивен на новинарските стандарди

Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Лим падна сред патека на „Партизанска“

Скопјанка на социјалните мрежи алармира за небезбедноста на патека на најфрекфентниот булевар „Илинденска“. Таа, сподели за случка која се случила…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Топол бран од Африка во Македонија

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но заслужува достоинствен и принципиелен процес

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен остварил средба со претседателот на Европскиот совет Антонио…

February 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?