Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Грција се празнува Богојавление – Водици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Грција се празнува Богојавление – Водици
БАЛКАН

Во Грција се празнува Богојавление – Водици

Објавено January 6, 2026 13:05
Сподели
Сподели

Со осветување на водите и фрлање на светиот крст во реки, езера, во морето од пристаништата, но и во општински базени, па дури и во фонтани, во Грција денеска се празнува Богојавление – Водици, во земјата познат како Епифанија, Теофанија или Фота, јави дописничката на МИА од Атина.

Манифестации за осветување на водите, како и секоја година се организираат во сите делови на Грција, со присуство на голем број верници, а исто како и кај нас, оној кој ќе го фати крстот, се верува дека ќе го следи среќа и ќе биде благословен цела година.

Централната манифестација во Атина се одржа на пристаништето во Пиреас во присуство на грчкиот претседател Константинос Тасулас, а крстот во морето го фрли поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос.

Во центарот на Атина, обичај е да се освети и резервоарот за вода, а како и секоја година, така и денеска осветувањето беше во присуство на атинскиот градоначалник и министри од Владата.

Во Солун пак, манифестацијата беше во солунскиот залив, со учество на над 50 лица, кои по крстот се фрлија од чамец закотвен во морето, додека митрополитот Филотеос, свртиот крст го фрли од пристаништето.

Освен традиционалното фрлање на светиот крст, во одредени делови на Грција постојат специфични и уникатни обичаи што се пренесуваат од генерација на генерација и ја одржуваат жива локалната традиција.

Во селото Арависо, во близина на Јаница во северна Грција, Водици се одбележува со необичниот обичај на поминување со коњи низ студените изворски води од планината Паико, во ритуал на прочистување и осветување, додека за градот Драма карактеристичен е обичајот „Арапи“, при што учесниците носат црни наметки, кожи, маски и овчарски ѕвона, создавајќи звуци додека дефилираат по улиците, во ритуал што го симболизира протерувањето на злото.

Сличен симболизам има и обичајот во Костур (Касторија), каде што празникот се одбележува со карневалска атмосфера.

Во селото Галатиста на Халкидики, се оживува обичај со корени од 19 век, кој ја прикажува досетливоста на вљубено момче, кој својата сакана ја „киднапира“ со помош на камила, а во рамките на обновувањето на обичајот, камилата се носи низ селото, додека мажите играат и пеат околу неа.

На грчките острови Сими и Калимнос, верниците кои се фрлаат по крстот остануваат под вода колку е можно повеќе, а рибарите со нивните чамци формираат заштитен круг околу нив.

На Лефкада, заедно со крстот во морето се фрлаат и врзани портокали, кои подоцна се чуваат како симбол на благослов, а сличен е обичајот и на Закинтос.

Во областа Тесалија во централна Грција, освен крстот, жителите фрлаат во водите и икони, кои се осветуваат за време на чинот на осветување на водите.

Празничниот период во Грција што започнува непосредно пред Божиќ и продолжува со Нова година, завршува денеска, на Водици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
Следна Статија Жител на неготинско Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: „Србија не ја прифаќа пресудата против Милорад Додик

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата коментираше за пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и рече дека…

August 2, 2025
БАЛКАН

Пратеник од српската опозиција испрска пратеничка од власта која е бремена

Милош Јовановиќ од ДСС, ја испрска пратеничката Соња Илиќ со солзавец, која е во осмиот месец од бременоста. Пратеничката Соња…

March 4, 2025
СПОРТ

Шпанија испадна од Евробаскетот – Познат костурот во нокаут фазата

Актуелниот европски првак Шпанија го заврши учеството на Европското првенство. Во драматичен натпревар, во Лимасол, Грција ја победи Шпанија со…

September 5, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Четворица загинати во пожар во фабрика за бисквити во грчкиот град Трикала

Безживотните тела на четири лица биле пронајдени за време на гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?