Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија
ЕКОНОМИЈА

Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија

Објавено April 15, 2025 18:54
Сподели
Сподели

Стопанската комора на Дубаи денеска беше домаќин на делегацијата од Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Делегацијата на домаќинот беше предводена од претседателот на Коморите на Дубаи, Султан бин Саид ал Мансури. Двете страни разговараа за начините за унапредување на билатералните економски односи и ја потврдија нивната посветеност за зајакнување на соработката за зајакнување на меѓусебната трговија и инвестиции. Коморите на Дубаи е заеднички ентитет составен од три комори: за трговија, за дигиталниот свет и меѓународна комора.

Според соопштението на прес-службата на владата на Дубаи, трговијата без нафта меѓу Дубаи и Северна Македонија достигна вредност од 52,2 милиони долари во текот на 2024 година.

Во разговорите беше истакнато и зголеменото присуство на македонски компании во Дубаи. До крајот на 2024 година, бројот на македонски компании регистрирани како активни членки на Коморите на Дубаи достигна 47, што одразува годишна стапка на раст од 52 отсто. Дополнителни пет компании од Северна Македонија се приклучија на Коморите во првиот квартал од 2025 година, со што вкупниот број се искачи на 52, велат од прес-службата на Дубаи.

Ал Мансури изјавил: „Оваа посета означува важен чекор напред во нашата заедничка амбиција да ја подобриме економската соработка и да отвориме нови можности за деловните заедници на двата пазари. Посветени сме да го поддржиме успехот на македонските компании и да им овозможиме да се прошират на глобалните пазари користејќи ја стратешката локација на Дубаи, инфраструктурата од светска класа и опкружувањето поволно за инвестиции“.

Според него, разговорите што се воделе ги истражувалеа инвестициските перспективи за бизнисите од приватниот сектор со седиште во Дубаи. Ова ќе им овозможи на компаниите од Дубаи да капитализираат од ветувачките можности во различни економски сектори, истовремено служејќи им на заедничките интереси на деловните заедници и во Дубаи и во Северна Македонија.

Дискусиите, според соопштението, се фокусирале на зголемување на билатералната трговија и инвестиции меѓу Дубаи и Северна Македонија, со посебен акцент на клучниот македонски извоз во Дубаи, вклучувајќи електроника, облека, возила, машини и овошје и зеленчук. Главниот извоз на Дубаи во Северна Македонија вклучува електроника, медицински инструменти, играчки и спортска опрема, вештачки влакна и парфеми и козметика.

Македонската делегација беше и во Трговската и индустриската комора на Емиратот Шарџа, каде беше примена од претседателот на комората Абдалах Султан ал Овеис. За време на средбата, двете страни ја истакнале важноста од зајакнување на меѓусебните комуникациски канали за унапредување на соработката во областа на обновливите извори на енергија, трговијата и туризмот.

Македонската делегација во Трговската и индустриската комора на Емиратот Шарџа
Според соопштението од Комората, султанот ал Оваис средбата претставува важна можност за зајакнување на соработката и споделување ставови и перспективи за унапредување на економските и трговските односи меѓу двете земји. Тој го истакнал ветувачкиот потенцијал и можностите што ги поседуваат двете страни, кои значително би можеле да ја поттикнат билатералната трговија низ различни сектори и да ги подигнат комерцијалните врски на пошироки хоризонти.

Мицкоски нагласил дека ОАЕ општо, а особено Шарџа, претставуваат еден од клучните стратешки пазари за Северна Македонија како порта кон регионалните пазари.

За време на посетата, македонската делегација одржала презентации кои ги истакнаа клучните инвестициски можности на нашата земја. Презентациите опфатиле витални сектори како што се обновливите извори на енергија, производството, инфраструктурата, туризмот, земјоделството и технологијата. На маргините на посетата Мицкоски разговарали со истакнати локални компании и раководители на бизнис групи и совети во Шарџа.

За време на вчерашната посета на Абу Даби, премиерот Мицкоски и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, владетелот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Заед ал Нахјан, разговарале и за повеќе регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес. Шеикот ал Нахјан, според извештајот на Новинската агенција на емиратите (ВАМ), ја потврдил посветеноста на ОАЕ за зајакнување на нивните развојни партнерства со земјите од Балканот и за поддршка на сите напори кои промовираат мир и стабилност во регионот. Тој го истакнал долгогодишниот пристап на ОАЕ за застапување мир и решавање на споровите преку дијалог и дипломатија, како поддршка на развојот, стабилноста и просперитетот за сите. Премиерот Мицкоски изразил надеж дека во наредниот период ќе биде зголемена соработката меѓу двете земји за доброто на нивните народи.

За време на средбата биле објавени два меморандуми за разбирање – првиот се однесува на економската соработка меѓу двете земји, а вториот меѓу Дипломатската академија „Анвар Гаргаш“ и Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посебен сообраќаен режим утре околу Градски, играат Вардар и Црвена Звезда
Следна Статија Коцевски: Издадена е наредба за приведување на уште седум полициски службеници, истрагата се проширува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бензинот БС-95 со нова цена од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност

Во моментов Министерството за економија и труд и сите останати министерства и државни институции работат на промена на постојните нормативи…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Илјада денари помош за плаќање струја за граѓаните со ниски примања

За подмирување на сметките за струја и други енергенси, граѓаните со ниски примања и годинава ќе добиваат помош од државата.…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?