Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации

Објавено January 2, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Во третиот квартал од 2024 година е забележан значителен годишен раст на бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата. Трансакциите  со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2 отсто по број и за 13,6 проценти по вредност, соопшти Народната банка.

Овој раст, оценува Банката, најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2 отсто, како и на растот од 8,8 отсто на плаќањата преку терминалските уред ПОС.

Според НБ, забележан е и годишен раст во бројот на плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за  9,9 отсто, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2 процента.

-Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Најзначајни се резултатите од употребата на апликациите за мобилно плаќање, кои покажуваат годишен раст од 50,2 отсто во бројот на платежните трансакции споредено со истиот период од 2023 година. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65 отсто од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за  иницирање на платежните трансакции, наведува Народната банка.

Податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, освен што ги опфаќаат платежните трансакции на граѓаните во земјата, вклучуваат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) На пречекот во Брисел: изгореа 60 автомобили, нападнати пожарникари и полиција
Следна Статија Мисајловски: Воената опрема донирана од Турција даде голема поддршка на нашата одбрана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ изјави дека на владина седница поминаа…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што…

October 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати

Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ кој расте за три и пол проценти во просек. Во последните…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?